Connect with us

Странски банки

Профитите на банките во Црна Гора се преполовија за една година

Објавено

на

Комерцијалните банки во Црна Гора, според прелиминарните деловни резултати, оствариле профит од 22,7 милиони евра на крајот на минатата 2020 година. Тоа претставува повеќе од двојно намалување на профитот кои тие го остварија на крајот на 2019 година, кога прикажаа добивка од 48,6 милиони евра.

Ова податок беше официјално објавен од Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ).

Минатата година 13 банки работеа на црногорскиот пазар до декември, кога ЦКБ и Подгоричка банка беа официјално споени во еден ентитет. Покрај нив, на пазарот работат Ерсте, Хипотекарна, Прва, Адико, НЛБ, Комерцијална, Универзална, Ловчен, Запад, Зират и Адратик банка.

Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) официјално не ги открива деловните резултати на секоја банка поединечно.

„Според првичните месечни податоци за декември, банкарскиот сектор е, и покрај вонредните деловни услови, профитабилен, со нето добивка од 22,7 милиони евра на крајот на 2020 година. Негативен финансиски резултат на ниво на банкарскиот систем пријави само една банка во износ од 984 илјади евра, што спаѓа во категоријата мали банки, а нејзината адекватност на капиталот беше над 25 проценти. Пријавената добивка на крајот на 2020 година е помала од претходната година за 53 проценти (за 25,9 милиони евра) и е предизвикана најмногу од зголемувањето на трошоците за обезбедување, како и од намалувањето на нето приходите од провизии и надоместоци“, објаснија од Централната банка на Црна Гора.

Прелиминарните податоци покажуваат дека активата, капиталот и депозитите на банките во годината што ја одбележа економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот во споредба со 2019 година бележат огромен пад, додека пак кредитите бележат пораст.

Сите банки работат во согласност со регулаторните ограничувања.

Странски банки

Светска банка го откажа извештајот Doing Business поради „местење“ на рангирањето

Објавено

на

Светската банка го откажа објавувањето на извештајот за регулативата за водењето бизнис во земјите ширум светот откако истрагата открила „непримерен притисок“ на челниците при составување на табелата и спорниот пласман на Кина но и на Саудиска Арабија, Обедиенетите Арапски Емирати и Азербејџан. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Србија издаде “зелена обврзница” на износ од една милијарда евра за прв пат во својата историја

Објавено

на

Со издавањето на зелената обврзница, Србија во четвртокот стана една од ретките европски земји и единствена европска земја надвор од Европската унија што издаде зелен инструмент, објави Народната банка на Србија, наведувајќи дека Србија реализирала две емисии на меѓународниот финансиски пазар.Еврообврзница во евра (двојна транша). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

(ВИДЕО) Германската централна банка пере пари во вистинска смисла на зборот!?

Објавено

на

Кога банкнотите ќе се извалкаат, германската централна банка Бундесбанк, ги пере во вистинска смисла на зборат. (more…)

Продолжи со читање



Популарно