Connect with us

Странски банки

ПРОФИТИРА СО ЗАДОЛЖУВАЊЕ – Велика Британија за прв пат продаде државна обврзница со негативен принос

Објавено

на

Велика Британија во средата продаде државна обврзница што за прв пат плаќа негативен принос, што значи дека Владата реално заработува пари со позајмување, бидејќи инвеститорите се согласија да бидат исплатени со помала сума на достасување отколку што тие и позајмиле на државата.

Канцеларијата за управување со државниот долг објави дека продала државни обврзници на аукцијата во износ од 3,75 милијарди фунти (4,6 милијарди долари) со негативна стапка на принос од -0,003 проценти, пренесува „Reuters“.

Обврзницата доспева во јули 2023 година.

Иако инвеститорите ќе добијат годишна каматна стапка од 0,75 проценти, тие ги платија обврзниците повеќе од нивната лична вредност, па нивното враќање на парите ќе биде помало од износот што го позајмиле доколку го чуваат овој документ за партнерство до неговото доспевање.

Велика Британија им се придружи на Јапонија, Германија и некои други европски земји во продажба на државни обврзници со негативен принос под нула проценти, што според „Reuters” укажува на можна длабока рецесија поради корона кризата и натамошната активност на централните банки во купување обврзници со цел да го ублажат нејзиното влијание, како и за дополнителна поддршка на економијата.

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Акционерите на ЕБОР го одобруваат членството на Ирак

Објавено

на

Ирак го направи првиот чекор да стане членка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). (more…)

Продолжи со читање

Популарно