Connect with us

Останато

Професии со кои можете лесно да дојдете до вработување во 2021 година

Објавено

на

Кога станува збор за пазарот на трудот, информатичарите, градежните инженери и економистите, можат најлесно да се вработат.

Тоа е податок кој веќе подолг период постои, но она што е ново на списокот на работна сила која што може најлесно и најбрзо да дојде до вработување се медицинскиот персонал и пред се лекарите.

Во нашата земја, но и пошироко, има недостиг на медицински лица и лекари, па токму поради тоа тие можат најлесно да се вработат.

Платите на медицинарите и лекарите се движат во во просек од 400 евра, па се до 2.000 евра и повеќе зависно од земјата на вработување. Тоа се примања приближно еднакви на вработените во ИТ секторот и програмерите кои важат за убедливо најплатени работници.

Машинските инженери, исто така се добро платени, а нивните плати од странски компании се поголеми и од 1.200 евра.

Она што се бараше и ќе се бара со години, секако се експерти во областа на информатиката, електрониката, компјутерските науки, и оние кои имаат лиценци во областа на градежништвото, машинскиот инженеринг, медицинските и градежните работници.

Од друга страна, во услови на пандемија, најпогодени се туризмот, угостителството и транспортниот сектор.

Останато

БДП на САД се намали за 2,4 проценти во последниот четврти квартал од 2020 година

Објавено

на

Американската економија се намали за 2,4 проценти во четвртиот последен квартал од 2020 година, објави во четвртокот Министерството за трговија, што е малку подобро од проценката во јануари за падот на активноста од 2,5 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба Бесими – Вархеи: Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан ќе го трансформира регионот и ќе овозможи побрз економски раст

Објавено

на

Планот за опоравување од кризата предизвикана од ковид-19 и забрзан економски раст, Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, а чија реализација ќе го трансформира регионот, што ќе води кон посовремени, позелени и подигитални економии како и подобра поврзаност со единствениот пазар на ЕУ, беа тема на дискусија на средбата во Брисел помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба на министерот Бесими со еврокомесарите Хан и Џентилони: Исполнети условите за втората транша од 80 милиони евра за надминување на кризата

Објавено

на

„Исполнети се условите за добивање на втората транша од 80 милиони евра од макрофинансиската помош од Европската Унија во вкупен износ од 160 милиони евра, а кои се наменети за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот. По добивањето на одобрението од Европската комисија, Министерството за финансии ќе испрати барање за исплата на втората транша. Воедно, во првата половина на март ќе поднесе барање за исплата на втората транша во износ од 8 милиони евра од Договорот за отпорност на ЕУ, а којашто се надеваме дека ќе ја добиеме до крајот на наредниот месец“, информира министерот за финансии, Фатмир Бесими, на средбата со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан и со еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони, којашто се одржа во Брисел. (more…)

Продолжи со читање


Популарно