Connect with us

Останато

Протоколи за работи и континуирана финансиска поддршка за спас на угостителството

Објавено

на

Финансиската помош која се обезбедува за поддршка на реалниот сектор да има континуитет, како и да се обезбедат протоколи за работа за сите дејности кои се дефинирани во Националната класификација на дејности бара Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Секторот угостителство се соочува со многу предизвици и отежнати услови за работа, како и со целосно отсуство на протоколи за голем број други дејности. Во такви околности потенцираме дека е неопходен континуитетот на економските мерки со цел задржување на работните места и на деловните субјекти. Со изминување на месец јануари, а во недостаток на петтиот пакет мерки кој се однесува на првиот квартал од 2021 година, повторно се доведуваме во состојба да бидеме оставени без финансиска поддршка, како што тоа се случи во неколку наврати и минатата година. Но овој пат секторот се наоѓа во многу потешка состојба поради што многу угостители ќе мора да ги затворат своите објекти, а континуирано напоменуваме дека тоа ќе се одрази штетно и на околу 30.000 вработени во овој сектор, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК и упати апел петтиот пакет на економски мерки да се донесе во најкус можен рок и да се направи обид мерките да се ефектуираат од месец јануари.

Најголем број угостители се придржуваат до мерките за заштита од ширење на пандемија кои Владата ги носи по препорака на Комисијата за заразни болести. Но  и покрај тоа  во месеците март, август и септември минатата година секторот сам се снаоѓаше бидејќи немаше континуитет во обезбедување на економските мерки за поддршка. Исто така треба да се истакне дека од колку 6.500 правни субјекти во угостителскиот сектор само 132 добија комбинирана помош односно поддршка за исплатата на плати и неповратна финансиска помош во форма на грант за покривање на другите трошоци. Овој податок покажува дека дел од претпријатијата добија помош само за исплата на плати на вработените, додека за другите трошоци во услови на значително намалена деловна активност самостојно обезбедуваа средства 11 месеци. ТУК ги охрабрува надлежните институции јавно да ги објават податоците за искористеност на средства од финансиската помош во угостителството, како по број на субјекти така и во апсолутни суми за да може да се добие реална слика за димензијата на поддршката што се дава и очекувањата во наредниот период.

„Важна активност која очекуваме да се завршени од надлежните институции и од која ќе зависи одржување на дел од дејностите е и подготвувањето на прецизни протоколи за работа кои би можеле да најдат соодветна примена и за друга следна состојба. Иако речиси една година како е прогласена пандемијата ние се уште немаме протоколи за најголем број од дејностите. Во таа група се и рестораните за прослави и клубовите кои се затворени повеќе од 300 денови и за кои се уште нема никаков протокол за работа. Поради оваа состојба не само што сега не може да се реализираат деловни активности, туку не може ниту се прават планови и проекции за наредниот период. Поради целокупната ситуација станува прашање на недели кога ќе почнат да згаснуваат угостителски објекти поради наталожените долгови, а со тоа ќе се зголемува и бројот на оние кои ќе останат без егзистенција“, изјави Ангеловски.

Тој истакна и дека ТУК активно ги следи и глобалните случувања во секторот.

Се надеваме дека во наредниов период кој е исклучително тежок и чувствителен за угостителството, нема да се дозволи целата мака, солидарност и пожртвуваност која се покажа од огромен број на луѓе, да биде без цел. Ја охрабруваме Владата, за поголема ажурност и свесност за проблемите во кои се наоѓа овој сектор, затоа што на крајот, тие проблеми се заеднички и доколку соодветно, навремено и до крај не се решат, последиците ќе бидат долгорочни и ќе погодат голем број на граѓани. Иако угостителството во моментот е еден од најпосакуваните дејности, може да се спаси, ако сите бидат на висина на задачата“, истакна Ангеловски.

Останато

БДП на САД се намали за 2,4 проценти во последниот четврти квартал од 2020 година

Објавено

на

Американската економија се намали за 2,4 проценти во четвртиот последен квартал од 2020 година, објави во четвртокот Министерството за трговија, што е малку подобро од проценката во јануари за падот на активноста од 2,5 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба Бесими – Вархеи: Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан ќе го трансформира регионот и ќе овозможи побрз економски раст

Објавено

на

Планот за опоравување од кризата предизвикана од ковид-19 и забрзан економски раст, Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, а чија реализација ќе го трансформира регионот, што ќе води кон посовремени, позелени и подигитални економии како и подобра поврзаност со единствениот пазар на ЕУ, беа тема на дискусија на средбата во Брисел помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба на министерот Бесими со еврокомесарите Хан и Џентилони: Исполнети условите за втората транша од 80 милиони евра за надминување на кризата

Објавено

на

„Исполнети се условите за добивање на втората транша од 80 милиони евра од макрофинансиската помош од Европската Унија во вкупен износ од 160 милиони евра, а кои се наменети за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот. По добивањето на одобрението од Европската комисија, Министерството за финансии ќе испрати барање за исплата на втората транша. Воедно, во првата половина на март ќе поднесе барање за исплата на втората транша во износ од 8 милиони евра од Договорот за отпорност на ЕУ, а којашто се надеваме дека ќе ја добиеме до крајот на наредниот месец“, информира министерот за финансии, Фатмир Бесими, на средбата со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан и со еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони, којашто се одржа во Брисел. (more…)

Продолжи со читање


Популарно