Connect with us

Останато

Просечна месечна нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.948 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (10,1%), Други услужни дејности (8,2%) и Рударство и вадење на камен (7,5%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9,0%), Уметност, забава и рекреација (6,4%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4,1%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27.948 денари.

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна плата во септември изнесувала 32.553 денари

Објавено

на

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32.553 денари и е за 12,8 проценти повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Објавено

на

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно