Connect with us

Останато

Просечната нето-плата во Словенија минатата година била 1.208 евра

Објавено

на

Просечната нето-плата во Словенија минатата година изнесувала 1.208,65 евра, со што бележи номинален пораст од 6,6 проценти, или реално бележи пораст од 6,7 проценти во споредба со 2019 година, објави словенечкиот завод за статистика (СОРС).

Месечната бруто-плата на Словенија минатата година изнесуваше 1.856 евра во просек, и беше номинално поголема за 5,8 проценти во споредба со истиот период една година порано, и реално поголема за 5,9 проценти, пренесува агенцијата „STA”.

Минатата година просечната бруто плата во приватниот сектор беше поголема за 4,4 проценти, а во јавниот сектор за 7,8 проценти во споредба со претходната година.

Гледано според активностите, најголем пораст на платите е забележан минатата година во здравството и социјалната работа, за 17,7 проценти, додека најголем пад е регистриран во угостителството, за 3,8 проценти.

Што се однесува до месечните податоци, просечната бруто плата во Словенија во декември изнесува 2.021 евра, и е номинално поголема за 0,3 проценти, а реално останува на речиси идентично ниво како и претходниот месец.

Просечната нето-плата во декември „тежеше“ приближно 1.315 евра, што е номинално повисока за еден процент во споредба со ноември 2020 година и реално за 0,7 проценти.

Останато

Северна Македонија најдобра во регионот според степенот на економски слободи

Објавено

на

Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра од земјите во регионот, покажува извештајот за 2021 година на „Xеритиџ фондацијата”. Според индексот на американската фондација, македонската економија е на 46-то место во светот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Задолжувањето е оправдано кога продуцира повисок економски раст

Објавено

на

При издавањето на државни хартии од вредност, трошокот треба да биде помал од бенефитот кој ќе го продуцира, односно идните стапки на раст на бруто-домашниот производ треба да бидат доволни за да го финансираат долгот, пишува во својата колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој истакнува дека е потребна и планирана фискална консолидација, која буџетскиот дефицит и јавниот долг ќе го сведат под мастришкиот критериум на среден рок, а наведува и дека задолжувањето е оправдано, доколку истото продуцира повисоки стапки на економски раст. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во последниот квартал од 2020 година имало 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 941.524 лица, од кои вработени биле 789.552, а 151.972 лица се невработени. (more…)

Продолжи со читање



Популарно