Останато
Просечната нето плата во септември била 27.405 денари


Просечната нето-плата во септември оваа година изнесувала 27.405 денари што е за 7,7 проценти повисока во однос на истиот месец лани, додека просечната бруто плата изнесувала 40.913 денари и повисока е за 8,2%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката просечна месечна исплатена нето плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 10,6 проценти, во преработувачката индустрија за 10,2 проценти и во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10 проценти.
Намалување на просечната месечна исплатена нето плата, во однос на претходниот месец има во секторите земјоделство, шумарство и рибарство за 7,1 проценти, уметност, забава и рекреација за 6,4 проценти и трговија на големо и на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2 проценти.
Зголемување на исплатената бруто плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите преработувачка индустрија за 10,7%, уметност, забава и рекреација за 10,6 и дејности на здравствена и социјална заштита за 10,2%.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација за 6,4 проценти, земјоделство, шумарство и рибарство за 5,4 и трговија на големо и на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 2,9 проценти.
Останато
Во последниот квартал од 2020 година имало 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 941.524 лица, од кои вработени биле 789.552, а 151.972 лица се невработени. (more…)
Останато
Потребно е системско поместување на роковите за финансиски извештаи по примерот на европските земји


Сметководството е врската меѓу стопанството и институциите, а од неговото непречено извршување зависат сите економски процеси. Анкетата што ја направи Комората на сметководители меѓу своите членови покажа дека речи 65 отсто од сметководителите биле заболени Ковид-19 или биле во изолација поради контакт или заболен член на семејството. Во такви услови е јасно дека не е возможно работата да се одвива непречено и повторно се поставува прашањето дали ќе се донесе разумна одлука за роковите за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи да се усогласат со европските држави или и понатаму ќе продолжи да се гази достоинството на оваа значајна професија и да се ризикува со добивање на податоци чиј квалитет не може да се гарантира поради условите под притисок под кои работат сметководителите. Од овие податоци во голема мера зависи креирањето на финансиските политики на национално ниво. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 2 months
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје