Останато
Просечната годишна инфлација во ЕУ е 7,6 отсто, а во еврозоната 8,3 отсто

Европската комисија (ЕК) предвидува раст на економијата на Европската унија (ЕУ) оваа година од 2,7 проценти, додека за следната се предвидува пад до 1,5%.
Европската комисија во летната економска прогноза наведе дека просечната годишна инфлација годинава ќе достигне историски максимум од 7,6 проценти во еврозоната и 8,3 проценти во Европската унија, пред да се намали во следната година на четири или 4,6 отсто.
Комесарот за економија Паоло Џентилони, презентирајќи ја најновата економска прогноза за ЕУ и еврозоната, истакна дека војната меѓу Русија и Украина продолжува да има негативно влијание врз економијата на Унијата, ставајќи ја на пат кон помал раст и повисока инфлација во споредба со претходната пролетна прогноза.
„Активностите на Москва го нарушуваат снабдувањето со енергија и жито, ги зголемуваат цените и ја ослабуваат довербата. Во Европа, моментумот на повторно отворање на нашите економии ќе го поддржи годишниот раст оваа година, но за следната година значително ја ревидиравме нашата прогноза. Се очекува рекордно високата инфлација да го достигне во втората половина на оваа година и постепено да се намалува во текот на следната година“, објасни Џентилони.
Тој предупреди дека развојот на војната во Украина, особено снабдувањето со гас во Европа, како и можноста за повторно интензивирање на пандемијата на коронавирусот, претставуваат ризик и за развојот на европската економија и за понатамошната инфлација.
Истовремено, во Брисел укажуваат дека неодамнешните надолни трендови на цените на нафтата и другите стоки би можеле да се засилат, што би довело до побрз пад на инфлацијата од моментално очекуваното.
Исто така, се додава дека, благодарение на силниот пазар на труд, приватната потрошувачка во Европа би можела да се покаже поотпорна на поскапувањата доколку домаќинствата користат повеќе од своите акумулирани заштеди.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер