Connect with us

Депозити

ПРОМО ФИКС – промотивни депозити од ТТК Банка во денари и евра на 15 и 25 месеци

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје нуди промотивни депозити – ПРОМО ФИКС со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 и 25 месеци, во промотивниот период од 20 мај до 30 септември 2020 година.

За депозит во денари орочен на 15 месеци, ПРОМО ФИКС нуди фиксна каматна стапка којашто на годишно ниво изнесува 1,25% односно 1,75% за депозит орочен на 25 месеци. За депозит во евра орочен на 15 месеци, фиксната каматна стапка на годишно ниво изнесува 0,75% односно 1,25% за депозит орочен на 25 месеци.

Каматна стапка

Валута/Рок15 месеци25 месеци
МКД1,25%1,75%
ЕУР0,75%1,25%

Пресметката на каматата се врши месечно по пропорционален метод и корисниците имаат можност да изберат месечен припис или исплата на каматата на трансакциска сметка. Датумот на месечното достасување на каматата се одредува според датумот на орочување на секој поединечен влог. По истекот на рокот на орочување средствата се пренесуваат на трансакциска сметка односно депозитот не се реорочува.

Повеќе информации за новите ПРОМО ФИКС депозитите можат да се најдат на интернет-страницата на Банката, преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК M-banking како и во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје.

Депозити

99,4% од граѓаните кои штеделе во Еуростандард банка ќе бидат обештетени, но што ќе биде со фирмите!?

Објавено

на

Народната банка и ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје и до надлежниот суд достави предлог за отворање стечајна постапка во банката. Со отворањето на стечајна постапка се очекува брза и ефикасна наплата на побарувањата на доверителите. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,01 до 0,40 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 7.7.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Комерцијална банка АД Скопје од 1-ви јули ги намали каматните стапки на депозитите

Објавено

на

Почнувајќи од 01.07.2020 година, Комерцијална банка АД Скопје ги намали каматните стапки на дел од орочените денарски депозити на правни лица со фиксна каматна стапка (за договори склучени по 01.10.2017 година) и на дел од орочените денарски депозити на правни лица со прилагодлива каматна стапка (за договори склучени пред 01.10.2017 година) за 0,20 п.п. (more…)

Продолжи со читање

Популарно