Connect with us

Депозити

ПРОМО ФИКС – промотивни депозити на ТТК Банка во денари и во евра

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда на ПРОМО ФИКС депозитите за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во денари на 15 и 25 месеци, и евра на 15, 25 и 36 месеци, во промотивен период до 15.1.2021 година.

Продолжува трендот на поволни фиксни каматни стапки кои во зависност од рочноста и валутата се движат до 1,75% годишно и важат за сите корисници кои ќе се одлучат за овие промотивни депозити, без разлика дали своите примања ќе ги пренесат во ТТК Банка АД Скопје, со можност за избор на месечен припис или месечна исплата на каматата на трансакциска сметка.

За депозит во денари орочен на 15 месеци, ПРОМО ФИКС нуди фиксна каматна стапка којашто на годишно ниво изнесува 1,25% односно 1,75% за депозит орочен на 25 месеци.

За депозит во евра орочен на 15 месеци, фиксната каматна стапка на годишно ниво изнесува 0,75% односно 1,55% годишна фиксна каматна стапка за депозит орочен на 25 месеци и 1,75% годишна фиксна каматна стапка за депозит орочен на 36 месеци.

ТТК Банка АД Скопје нуди можност и за електронско орочување на депозитите преку платформата за електронско банкарство TTK E-bank или преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank. Користејќи ја оваа услуга, корисниците имаат можност брзо, едноставно, без трошоци, да орочат парични депозити.

Повеќе информации за новите ПРОМО ФИКС депозити можат да се најдат на интернет-страницата на Банката, преку апликацијата за мобилното банкарство ТТК M-bank како и во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје.

Во секоја, а особено во актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19, штедењето е добра и важна одлука за поддршка на финансиската сигурност за нас и нашите најблиски без разлика дали целта е создавање фонд за нешто што ни е важно или зголемување на вредноста на она што веќе го имаме. Следејќи ги барањата и потребите на корисниците, ТТК Банка АД Скопје постојано го подобрува и проширува квалитетот на понудата што придонесува за зголемување на нивното задоволство.

Депозити

Нов промотивен депозит „Научи да штедиш“ од Капитал Банка

Објавено

на

Со новиот промотивен депозит на Капитал Банка НАУЧИ ДА ШТЕДИШ за двојно пократко, добиј двојно повеќе, со до 2,2неверојатна фиксна годишна каматна стапка и рок на орочување од 6 месеци! (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Големата моќ на малата Халк е-касичка

Објавено

на

Живееме во време во кое со еден клик можеме да пронајдеме и купиме се што ни треба. Потребен ни е само телефон или компјутер и платежна картичка. А купувањето со платежна картичка полека, но сигурно, станува доминантен начин на плаќање и го заменува плаќањето со готовина. Но, со тоа и штедењето пари станува сè потешко. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Фиксна каматна стапка до 1,2% – нов скалест депозит од Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола креираше нов депозитен производ, во моментот еден од најповолните депозити на пазарот, со кој на своите клиенти им нуди најконкурентна каматна стапка. (more…)

Продолжи со читање


Популарно