НБРМ
Промоција на книгата „Монетите на Аргеадите од Нумизматичката збирка на НБРСМ“ издаденa од Народната банка

„Објавените стручни публикации од областа на нумизматиката, монетарната историја и конзервацијата се значаен дел за нашата доследност во постојаното создавање, надградување, откривање и зачувување на традицијата“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на промоцијата на публикацијата „Монетите на Аргеадите од Нумизматичката збирка на НБРСМ“ од д-р Ефтимија Павловска, кустос во Музејот на Народната банка.
Притоа, гувернерката дополни дека Народната банка ја поддржува музејската дејност во активностите за натамошно ширење на знаењата за долгата историско-еволутивна патека на парите, како едно од најважните технолошки откритија на човекот, како и за нивните особености својствени за овдешната македонска територија. „Сметаме дека афирмација на трајните цивилизациски придобивки од минатото коишто на различни начини ги обликувале општествените констелации во економска, културна и технолошка смисла, е наш влог во иднината“, подвлече гувернерката.
Книгата „Монетите на Аргеадите од Нумизматичката збирка на Народната банка“, прва систематизирана публикација за древните примероци пари коишто биле дел од монетарниот систем на Аргеадите, ја претстави академик Вера Битракова Грозданова, истакнувајќи „Монетите ‒ изобилство на производи, извори од прв ред за познавањето на минатото, претставуваат предност и надмоќ во релација со сите други објекти во активноста на човекот во антиката“.
Авторката на трудот, Ефтимија Павловска, се осврна на содржината на книгата, истакнувајќи: „Публикувањето на аргеадската збирка монети од Музејот на НБ ќе овозможи овој материјал да биде достапен за истражување, но и за негово проучување од страна на научната јавност, како и за информирање на пошироката публика за постоењето на едни од најстарите изданија коишто се откриени на денешната македонска почва.“
Народната банка, покрај исполнувањето на основните цели од својот мандат, напорно работи и на вградување дополнителни вредности во општеството преку негување на културното наследство. Музејот на Народната банка веќе две децении дејствува едукативно со постојаната музејска поставка, но и преку издавање публикации од кои општата, но и стручната јавност добиваат увид во развојот на монетарните системи и нивните стандарди во општествата, иконографијата и дизајнот на парите низ минатото на овие простори, коишто оставиле свој белег во историјата на државата. Нумизматичката збирка на Музејот на Народната банка постојано се збогатува. Денес, со своите 22000 примероци, таа претставува најголема јавна нумизматичка збирка во државата.
НБРМ
Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора. (more…)
НБРМ
Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

На бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ учествуваше директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан. Темите што беа обработувани на бизнис-форумот се однесуваа на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Странски банкипред 1 month
НЛБ ќе исплати дивиденда од 5,5 евра!