Домашни банки
Промотивнa кампања за НЛБ кредитите за физички лица – без трошоци за одобрување и проценка до крајот на јуни


Промотивната понуда за кредити на НЛБ Банка продолжува и во текот на месец јуни, кога за сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ Кредитите се овозможени низа промотивни поволности.
Клиентите кои ќе одлучат да ја започнат својата станбена приказна со купување на нов дом, како и оние кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства, добиваат единствена можност, до 30 јуни, да ги искористат промотивните поволности на НЛБ Кредитите – без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка (за оние кредити за кои е потребно да се изврши проценка).
Еден од главните приоритети на НЛБ Банка е корисничкото искуство и задоволство, па во таа насока Банката има широка понуда на кредитни продукти кои се лесно достапни и со поедноставени процедури. Потрошувачките кредити се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а исплатата на кредитот е само со една посета на експозитура. На располагање е и мобилниот кредит во износ до 10.000 евра, кој е целосно автоматизиран и достапен во секое време, при што со само неколку клика во мобилното банкарство клиентите можат да дојдат до потребните финансиски средства. За корисниците на станбен кредит Банката има особено флексибилен однос со цел изнаоѓање на вистинското решение, како и широка понуда од повеќе градежни компании за кои се овозможени поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.
Подетални информации за сите кредитни продукти и промотивната понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.
Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)
Домашни банки
Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид


Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)
Домашни банки
Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии


Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје