Connect with us

Домашни банки

Промотивна понуда на Комерцијална банка за E-commerce услугата до 31.05.2020 година

Објавено

на

Поттикнете го својот бизнис со интернет продавница без надомест!

Искористете ја промотивната понуда на Комерцијална банка АД Скопје до 31.05.2020 година, аплицирајте и добијте БЕСПЛАТНО воведување на виртуелен ПОС-терминал како и БЕСПЛАТНО одржување на сервисот до крајот на 2020 година.

Проверете ги можностите на услугата E-commerce која ви овозможува лесна и безбедна продажба преку вашата интернет продавница со картичките Mastercard и Visa.

E-commerce услугата на Комерцијална банка АД Скопје

E-commerce услугата на Комерцијална банка АД Скопје овозможува прифаќање на картички од брендовите на MasterCard Worldwide и Visa International за плаќање на стоки и услуги преку интернет.

Следејќи ги потребите на своите клиенти како и глобалните трендови во доменот на безготовинско плаќање, со воведување на оваа услуга Комерцијална банка им овозможува на нејзините корисници безбедно и сигурно користење на сите предности на современите начини на тргување.

Позначајни предности на е-commerce услугата:

  • Пониски трошоци за отворање и одржување на Интернет продажното место во однос на класично продажно место (изградба/наем, режиски трошоци, плати за повеќе вработени);
  • Без ограничување во однос на работното време (достапност до купувачите 24/7/365);
  • Поголем број на потенцијални купувачи поради поголема достапност на Интернет продажното место, без ограничена достапност како онаа на физичка продавница;
  • Можност за искористување на сите предности на on-line промоција на производите и услугите кои се нудат.

Аплицирање за услугата

За оваа услуга на Банката можат да аплицираат сите правни лица кои се регистрирани за вршење на продажба и имаат отворено сметка во Комерцијална банка АД Скопје, со доставување на Барање за е-commerce.

По доставување на Барањето, Комерцијална банка го контактира правното лице со цел завршување на постапката за овозможување на услугата.

За сите дополнителни информации може да ја контактирате банката на: cards@kb.com.mk.

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено

на

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно