Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Промотивна кампања за НЛБ Проклик – електронско и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица

Објавено

на

Во периодот од 05.09.2019 до 05.10.2019 година НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и за НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица.
Во рамките на промотивната понуда, сите кои ќе станат корисници на НЛБ Проклик електронското банкарство или НЛБ мПроклик мобилното банкарство во промотивниот период ќе можат да ги искористат следниве поволности:

• Без трошоци за електронско банкарство за сите плаќања до крајот на октомври
• Бесплатна Mastercard Business картичка за првата година на користење

Со НЛБ Проклик – електронското банкарство и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство имате постојан увид на состојбата и прометот на Вашите сметки и можете самостојно да ги извршувате банкарските трансакции брзо и едноставно. НЛБ Проклик и НЛБ мПроклик Ви овозможуваат да ја зголемите ефикасноста на работењето на Вашата компанија и рационално да го трошите Вашето време и средства.

Повеќе информации можете да добиете на телефонски број 02/ 15 600, во најблиската експозитура на Банката или на следниов линк.

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за затворање на јавната понуда на ХВ

Објавено

на

Издавачот ТТК Банка АД Скопје известува преку Македонска берза дека на ден 12.9.2019 година заврши првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница по пат на јавна понуда.

Јавната понуда на хартиите од вредност е одобрена со Решение бр. УП1 Број 10-69 од 22.8.2019 година на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија. Поканата за запишување и уплата на хартии од вредност беше објавена во дневниот весник „Вечер“ на ден 29.8.2019 година, а на интернетстраницата на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје на ден 29.8.2019 година, кога беше објавен и Проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност.

Во Проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност, издавачот ТТК Банка АД Скопје предвиде процент на запишани и платени хартии од вредност од 60% за да јавната понуда се смета за успешно завршена.

Заклучно со 12.9.2019 година, од понудените 1.500 долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница од прва емисија, продадени се вкупно 1.500 долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница од прва емисија, во вкупен износ од 1.500.000,00 евра, односно 92.236.500,00 денари по среден курс на НБРСМ на денот на уплатата со што процентот на реализација на јавната понуда изнесува 100%.

Со ова, а врз основа на член 23 став 3 од Законот за хартии од вредност може да се смета дека процентот на успешност на јавната понуда на хартии од вредност е постигнат, заради што ТТК Банка АД Скопје одлучи да ја затвори јавната понуда на хартии од вредност. Последен датум на кој ќе се примаат уплати за хартиите од вредност од јавната понуда односно ден на завршување на јавната понуда е 12.9.2019 година.

 

Продолжи со читање

Домашни банки

НЕЛА од НЛБ Банка има нов Facebook и Instagram профил

Објавено

на

НЛБ Банка е првата финансиска институција во Северна Македонија која како дел од своето портфолио со услуги имплементираше целосно бесплатен и самостоен електронски асистент, преку кој клиентите на банката имаат можност користејќи Viber да “разговараат” со електронскиот асистент “НЕЛА”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

Објавено

на

Банката е спонзор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој се одржува во Битола. Фестивалот оваа година се одржува од 14 до 21 септември по 40-ти, јубилеен пат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange