Connect with us

Депозити

Промотивен орочен депозит со камата однапред – Штедење во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Ако сте во дилема како да ги инвестирате своите слободни средства, искористете ја оваа одлична можност и вложете ги своите средства на промотивниот орочен депозит за кој каматата се исплаќа однапред, во моментот на вложување на средствата.

Промотивната понуда на Стопанска банка АД – Скопје важи до 20 април за сите нови орочени депозити со избор на рочности од 12, 24 или 36 месеци, со гарантирани годишни каматни стапки и до 3,3% за депозити во денари, односно до 2,3% за депозити во евра.

Минимален износ на вложување е 300.000 денари односно 5.000 евра, а износот на пресметаната камата се исплаќа однапред, во моментот на вложување на средствата, на сметка по избор на клиентот. За време на користење на депозитот, клиентите постојано имаат увид во штедните влогови преку e-banking системот на Стопанска банка.

Пример пресметки за камата што би се исплатила однапред:

* За 1.000.000 денари орочени на 36 месеци со каматна стапка од 3,3% годишно, однапред исплаќаме камата од 90.090 денари

* За 10.000 евра орочени на 36 месеци со каматна стапка од 2,3% годишно, однапред исплаќаме камата од 690.63 евра

Како сигурна и стабилна Банка со најдолга традиција на пазарот, Стопанска банка АД – Скопје постојано ги следи барањата на клиентите и ги прилагодува понудите според нивните потреби со широка палета на современи и атрактивни производи креирани да ги задоволат личните потреби на секој клиент.

Депозити

НЛБ Банка со нови промотивни депозити со атрактивни каматни стапки

Објавено

на

НЛБ Банка промотивно воведува нова, атрактивна понуда за штедење, СУПЕР депозити со фиксни каматни стапки до 3,5% за депозити во денари и до 2,5% за депозити во евра, со рок на орочување до 36 месеци. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Стопанска банка а.д. Битола со нов денарски депозит – 4,1% ФИКСНА каматна стапка!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола со најконкурентна депозитна понуда на пазарот. Промотивниот денарски депозит со фиксна каматна стапка 4,1% за орочување на средства на период од 36 месеци е моментално најатрактивен производ кој може да го изберат сите постоечки и нови клиенти на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

ПРОМОТИВЕН АВАНСЕН ДЕПОЗИТ ОД ПРОКРЕДИТ БАНКА – Орочи ги твоите заштеди и земи ја каматата уште истиот ден

Објавено

на

Еден од темелите врз кои ПроКредит Банка ја гради својата успешна приказна е постојаната заложба за промоција на култура на штедење, која е целосно инкорпорирана во моделот на одговорно банкарство кое банката посветено го практикува. (more…)

Продолжи со читање

Популарно