Connect with us

Депозити

„ПРОМОТИВЕН ДЕПОЗИТ ПРОГРЕС“ – растечки и гарантирани каматни стапки за депозити во денари и во евра на 12, 24 и 36 месеци

Објавено

на

На почетокот на 2022 година, Шпаркасе Банка АД Скопје подготви промотивна понуда за сите клиенти што се заинтересирани да штедат во денари и во евра и кои посакуваат да направат добар план за заштеда во новата година.

Имено, сѐ до 31 март 2022 година, клиентите што ќе ја одберат опцијата Депозит Прогрес добиваат промотивни услови за штедење во денари и во евра со атрактивни и растечки каматни стапки, можност за дополнителни вложувања и можност за капитализација на каматата.

Овој промотивен производ нуди фиксни каматни стапки, кои прогресивно растат по периоди, па така клиентите што ќе се одлучат за Депозит Прогрес на 24 или 36 месеци, добиваат каматна стапка што се зголемува на секои 6 месеци и која достигнува и до 1,70% за МКД, односно 1,40% за ЕУР во последниот период од орочувањето за депозити на 36 месеци.

Клиентите што ќе се одлучат за Депозит Прогрес на 12 месеци, добиваат каматна стапка што се зголемува на секои 3 месеци и која достигнува и до 1,10% за МКД, односно 0,80% за ЕУР во последниот период од орочувањето.

Минималниот износ на влог изнесува 250 евра, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност. Минималниот износ на дополнителните уплати изнесува 50 евра.

Со промотивниот Депозит Прогрес, колку подолго штедите, толку повеќе се зголемува каматната стапка, односно таа расте паралелно со периодот на орочување.

Повеќе информации за производот Депозит Прогрес може да се најдат на веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk, во која било експозитура на Банката или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02 15 050.

Побрзајте, искористете го промотивниот период до крајот на март и започнете да штедите по најповолни каматни стапки со промотивниот Депозит Прогрес!

Депозити

Халкбанк ги зголеми каматните стапки за штедење во денари

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги зголеми пасивните каматни стапки за депозити на физички лица. Имено, се коригираа каматните стапки кај Генералното штедење, за рок на штедење од 6 до 36 месеци и истите се зголемија до 0,3 процентни поени. Односно, ако за орочување од 36 месеци досега каматната стапка изнесуваше 1,20%, сега таа е 1,50%. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските депозити на физички лица

Објавено

на

Почнувајќи од 01.06.2022 година, Стопанска банка АД – Скопје изврши промена на каматните стапки на денарските депозити на физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Зошто е важно да се штеди и како депозитите може да помогнат во иднина?

Објавено

на

Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да штедите? Едноставно, штедењето е секогаш добро, без разлика дали во моментот имате цел за штедење или не. Можете да штедите за разни работи. Не само за она што се вика „црни денови“, туку и за најразлични убави работи. На пример, за купување стан, за образование на децата, за свадби, или едноставно можеби за некој нов домашен апарат, нови чевли, чанта, за годишен одмор или било што друго. Кога ќе заштедите за нешто и ќе го купите со заштедата, тогаш задоволство ќе ви биде уште поголемо и истовремено ќе имате волја и желба повторно да штедите за нешто друго. (more…)

Продолжи со читање


Популарно