Connect with us

Депозити

ПРОМОТИВЕН ДЕПОЗИТ ПРОГРЕС – растечки и гарантирани каматни стапки за депозити во евра на 24 месеци

Објавено

на

Традиционално во октомври, месецот на штедење, Шпаркасе банка АД Скопје подготви атрактивна понуда за своите клиенти што сакаат да штедат во евра.

Имено, сè до 30 ноември 2021 г., клиентите што ќе ја одберат опцијата Депозит прогрес, добиваат одлични поволни услови за штедење во евра со растечки каматни стапки и можност за дополнителни вложувања.

Овој промотивен производ нуди фиксни каматни стапки, кои прогресивно растат по периоди, така што клиентите што ќе се одлучат за девизен Депозит прогрес на 24 месеци, добиваат растечка каматна стапка и до 1,30% во последниот период од орочувањето.

Каматните стапки, по периоди, изнесуваат како што следува:

I – период (од 1-ви до 6-ти месец) – 0,50%
II – период (од 7-ми до 12-ти месец) – 0,80%
III – период (од 13-ти до 18-ти месец) – 1,10%
IV – период (од 19-ти до 24-ти месец) – 1,30%

Минималниот износ на влог изнесува 250 евра, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност. Минималниот износ на дополнителните уплати изнесува 50 евра.

Со промотивниот Депозит прогрес, колку подолго штедите, толку повеќе се зголемува каматната стапка, односно таа расте паралелно со периодот на орочување.

Повеќе информации за производот може да се најдат на веб-страницата на Банката https://bit.ly/3aYq2if или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02 15 050

Депозити

НЛБ Банка ги објави најубавите детски цртежи во рамките на НЛБ Месецот на штедење

Објавено

на

НЛБ Банка ги објави победничките цртежи на тема „Да ја сочуваме нашата планета“, во рамките на НЛБ Месецот на штедење. Овој конкурс Банката го организира традиционално и јубилејно по 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Тројца средношколци со своите есеи на тема „Штедење“ освоија награда – Штедна книшка со депозит од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка ја смета финансиската писменост за клучен фактор за економски развој и благосостојба на населението. Затоа Банката е посветена на постојана едукација не само на клиентите, туку и воопшто на граѓаните, а особено на младата популација бидејќи добрите навики се создаваат од мали нозе. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

НЛБ Банка изврши промена на каматните стапки на депозитите за физички и правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица и правни лица во МКД и ЕУР клаузула, и истите се со важност од 01.11.2021 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно