Домашни банки
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје


Шпаркасе Банка АД Скопје објавува дека, во согласност со промените во Управниот одбор планирани во текот на Проектот за интеграција со Охридска банка АД Скопје, Глигор Бишев ќе го искористи своето право на пензионирање и ќе замине од позицијата претседател на Управниот одбор заклучно со 30.4.2022 година.
Глигор Бишев ја водеше Шпаркасе Банка АД Скопје од почетокот на 2013 година и за време на неговиот мандат Банката го зголеми и го стабилизираше своето пазарно учество и профитабилност, стана лидер во проектно финансирање, воведе иновативни и модерни производи за население и го поддржуваше севкупниот економски раст во Северна Македонија.
Претседателот на Надзорниот одбор Георг Бухер ја искажа својата благодарност кон Глигор Бишев за неговата визија, лидерство и придонес кон развојот на Банката и заштитата на интересите на сите засегнати страни во овој предизвикувачки период. „Под лидерството на Глигор Бишев и неговите колеги, Банката ја продолжи својата ориентација кон иднината, развивајќи се во модерен и иновативен партнер на секое домаќинство и компанија во земјата. Помеѓу многуте предизвици со кои се соочивме минатите години, како што е пандемијата со ковид-19, Банката успешно ја реализираше најголемата банкарска интеграција во поновата историја, станувајќи едно семејство со Охридска Банка АД Скопје во текот на 2021 година“, изјави Георг Бухер.
Од 1 мај 2022 година, позицијата претседател на Управниот одбор ќе ја преземе Санел Кустурица, сегашниот заменик-претседател на Управниот одбор, кој се придружи на Банката на почетокот на 2021 година, откако претходно беше на чело на Шпаркасе Банка во Босна повеќе од 10 години. Нина Неданоска, сегашен член на Управниот одбор, ќе стане заменик-претседател на Управниот одбор. Алвин Аличевич, член на Управниот одбор на Банката од 2017 година, ќе продолжи да ја извршува својата функција на член на УО, одговорен за управувањe со ризиците. Се проценува дека оваа непречена транзиција дополнително ќе придонесе кон севкупниот иден развој, потенцијал и репутација на Шпаркасе Банка АД Скопје како стабилна и прудентна банка, која ќе овозможи спроведување на проектираниот курс на перманентен и долгорочен развој на Банката.
Домашни банки
Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип


Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)
Домашни банки
Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ


Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење. (more…)
Домашни банки
Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“


Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улиците. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје