Connect with us

Осигурување

Промени во составот на Одборот на директори на Кроациа осигурување/неживот

Објавено

на

Кроациа осигурување/неживот АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Друштвото.

“Во согласност со член 166-6 став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност, Ве информираме дека на г-дин Гоце Вангеловски, извршен член на Одборот на директори, му престана функцијата заради поднесена оставка заклучно со 09.11.2019 година. За нов извршен член на Одборот на директори е именувана г-ѓа Вилма Учета Дузлевска, почнувајќи од 10.11.2019 година.” – се вели во соопштението на Кроациа осигурување/неживот АД Скопје.

Со новите измени, Одборот на директори на Кроациа осигурување/неживот АД Скопје го сочинуваат:

  • Вилма Учета Дузлевска – Извршен член
  • Анте Гавран – Неизвршен член
  • Роберт Вучковиќ – Неизвршен член
  • Дарко Данев – Неизвршен член

Осигурување

Франција сака да ги вклучи осигурителните друштва во покривање на трошоците од пандемија

Објавено

на

На Франција и треба закон со кој ќе се бара осигурителните компании да ги покриваат загубите поврзани со идните пандемии. Со таков став е министерот за финансии, Бруно Ле Мер. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Беркан Имери именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на осигурителната компанија. Имери во Халк осигурување е од јануари 2019 година, а воедно над 10 години работи и во Халкбанк АД Скопје на различни позиции, меѓу кои и Директор на секторот за управување и планирање на финансии и Директор на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг „S&P Global Ratings” (во натамошниот текст: „S&P” или агенција) по редовниот годишен преглед на ден 11.09.2020 година, на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и друштвото ќеркa Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот. Кредитниот рејтинг „А“ е исклучиво проценка на самостојниот профил на кредитни ризици на Групацијата и не содржи никакви зголемувања, што би биле последица на поврзаноста на Групацијата со државата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно