Компании
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата.
„Со решението на Централниот Регистар на РСМ од 10.08.2022 година извршени се следниве промени: извршен е упис на Душица Стевчевска-Србиноска за нов независен член на Надзорниот одбор и упис на реизборот на Аленка Жнидаршич Крањц, Јанез Крањц и Анита Бислимовска за членови на Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Воедно, на независниот член на Надзорниот одбор на Друштвото – Марко Андонов му престана мандатот заклучно со 03.08.2022 година, и соодветно на тоа извршено е негово бришење од централниот регистар на РСМ, се вели во Известувањето за промена во Надзорниот Одбор на КБ Прво Пензиско друштво АД Скопје, потпишано од генералната директорка Весна Стојановска”, се вели во соопштението на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.
Уписот на промените е извршен врз основа на Записник од Собрание на акционери – Нотарски акт ОДУ 356/22 од 30.03.2022 год, од нотар Сашо Клисароски од Скопје, Решение на Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување бр.14-632/4 од 31.05.2022 год, за одобрување на изборот на независен член на Надзорниот Одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Решение на Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување бр.14-629/4 од 31.05.2022 год. за одобрување на реизборот на членови на Надзорниот Одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, стои понатаму во Известувањето.
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)
Компании
Алкалоид АД Скопје – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41% од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во “Алкалоид“. (more…)
Компании
Македонски Телеком продолжува со раст и фокус на инвестиции во новите технологии во првите три месеци на 2023 година

Во првиот квартал на 2023 година, Македонски Телеком продолжи со стабилен раст во сите сегменти, фокус на новите технологии и зголемување на бројот на корисници во сите сегмени. Приходите од продажбата се зголемени за 3,7 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 2,9 милијарди денари. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје