Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Променете ги навиките и почнете да штедите

Објавено

на

Сликата што ни ја дава статистиката за повисоки плати и ниска инфлација се замаглува ако се обидете да ја наполните кошничката во некоја од домашните продавници и супермаркети. Кога ќе се спореди фискалната сметка и она што сме го ставиле во торбата по пазарењето, неизбежно доаѓа прашањето „Каде ми отидоа парите?“.

Македонскиот животен стандард добива други димензии кога ќе се направи анализа за бројот на работниците што имаат примања под месечната просечна нето-плата од околу 24.000 денари. Речиси две третини од вкупниот број вработени примаат плата на границата на висината од потрошувачката кошничка, која изнесува околу 12.000 денари. Aко знаеме дека потрошувачката кошничка се однесува на четиричлено семејство, тогаш императив за секое семејство е да заштеди колку што е можно повеќе.

Во ова динамично и непредвидливо време, добро е да се најде и искористи секој можен начин да се заштеди. За да имате сè повеќе и повеќе, штедете по малку. Ќе се обидеме да ви го претставиме најпрактичниот и наједноставниот начин за штедење за вас, што сметам дека е доволно за почеток.

Скратете ги непотребните трошоци

Започнете со секојдневните трошоци додека сте на работа. Наместо да купувате и да нарачувате храна на работа, понесете го со себе оброкот кој сте го подготвиле од дома. Така ќе заштедите значителна сума на пари во текот на денот, а на крајот на месецот ќе го видите ефектот. Исто така, се помалку храна ќе остане за фрлање доколку се сè изеде на време.

Укинете ги претплатите и членарините

Во секојдневниот живот често делуваме импулсивно и се претплатуваме за одредени работи и активности кои често се случува потоа да не ги користиме, а секако претплатата или членарината си тече. Укинете ги сите претплати за работите кои не ги користите или членарините за активностите кои не ги посетувате, на пример, списанија и магазини или часови за странски јазик. Размислете дали е потребно да плаќате членарина во фитнес центарот доколку не сте редовен или воопшто и не го посетувате.

Направете список за пазарење

Пред да одите да пазарите, секогаш задолжително направете список во кој ќе ги напишете работите кои ви се неопходни и по кој сте тргнале да ги набавите. Во супермаркетот купете ги само тие работи кои се наоѓаат на вашиот список.

Доколку наидете на нешто непредвидено и неодоливо, не го купувајте, запишете го, но, за следниот пат кога ќе одите во продавница. Во меѓувреме размислете дали навистина тој производ ви е потребен. Доколку производот остане на списокот за наредниот пат кога ќе одите да купувате, тогаш купете го.

Но, докажано е дека доколку влезете во продавница без список, ќе потрошите повеќе пари отколку кога имате составено список. Притоа, покрај пари, ќе заштедите и време, купувајќи ги само производите на списокот, без да лутате бесцелно по рафтовите.

Пазарете во дисконти

Пазарете во дисконтни продавници кога треба да набавите повеќе работи. Навистина, на некој што има висока плата можеби не би му смениле ништо во месецот 1000 денари, но размислете како ќе се чувствувате ако некој ви подари 1.000 денари? Или ако добиете 1.000 денари на гребка? Не мора да посакувате да ви се случи истото, само треба малку да размислите што и каде купувате, и верувајте, ќе заштедите илјадарка (можеби и повеќе) секој месец.

Секако останува да се држите на списокот, во спротивно сè што ќе видите надвор од списокот ви изгледа поповолно до другите продавници и ви се чини дека ви е потребно. Така повторно се враќате на почеток на безпотребното трошење.

Купувајте на попуст или акција

Сте тргнале да пазарувате и на списокот сте запишале одреден продукт кој што ви е неопходен. Во маркетот производот ќе го најдете во амбалажа на различни брендови со различна цена. Побарајте го производот кој се наоѓа на одредена акција или попуст кој го дава маркетот. Верувајте, доколку го применувате овој совет, со сигурност ќе заштедите значителна сума на пари во текот на месецот.

 

Лични финансии

10 работи кои ги научи Нина Ангеловска од Групер продавајќи 1 милион купони

Објавено

на

Приказната на Grouper започна во Јануари 2011 година. Пасијата да ја променат е-трговијата и навиките за онлајн купување беа нивната главна водилка. Првиот македонски сајт за групни попусти понуди атрактивни попусти и непобедливи зделки кои до тогаш не беа понудени на нашиот пазар – тоа беше главниот поттик за илјадници Македонци да се впуштат во онлајн купување и голем дел од нив да ја направат својата прва онлајн трансакција на Grouper!  (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Продавачите треба да бидат повеќе од продавачи

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Кој е поуспешен во продажбата: жените или мажите?

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange