Connect with us

Домашни банки

Промена на работното време на Шпаркасе Банка со важност од 20 јули 2020 година

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги информира своите почитувани клиенти дека од 20 јули 2020 година, експозитурите на Банката работат со редовно работно време, од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот.

Во сабота експозитурите нема да работат, освен Експозитура – Централа од 09:00 до 12:00 часот.

При секоја посета на експозитурите задолжително проверете го нејзиното работно време на веб страницата на Банката.

Заради Ваша поголема заштита од КОВИД-19 и намалување на посетите во експозитурите, Шпаркасе Банка Македонија Ви препорачува да ги користите електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции, односно апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилната апликација S-Banking, како и широката мрежа на банкомати низ државата.

Потребните информации за сите понуди и услуги се достапни преку веб страницата на Банката, социјалните мрежи и Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600 (секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот).

При посета во експозитурата задолжително почитувајте ги мерките за носење лична заштитна опрема: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично како и држење минимално растојание од 2 метри и дезинфицирање на рацете.

Останете дома, грижете се за себе и за здравјето на Вашите најблиски.

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено

на

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно