Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка го промени работното време на експозитурите

Објавено

на

Во согласност со моменталната ситуација на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на клиентите и вработените, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури почнувајќи од понеделник 06.04.2020 година.

• Сите експозитури на НЛБ Банка од понеделник до петок ќе работат во период од 08:30 до 15:00 часот, освен Eкспозитура Дирекција која ќе работи од 08:30 до 16:00 часот.

• Експозитурите на Банката во сабота нема да работат.

Експозитурите на Банката продолжуваат со работа за клиентите со извршување на сите банкарски трансакции.

Работното време на експозитурите ќе се менува тековно согласно расположливите капацитети, актуелни мерки и состојби и истото редовно ќе се ажурира на веб страницата на Банката на следниот линк.

За Ваша заштита и заштита на Вашите блиски, Банката уште еднаш апелира да останете дома, да ги минимизирате посетите на експозитурите доколку не се неопходни и да ги извршувате сите банкарски трансакции преку мобилното и електронското банкарство без провизии до 15.04.2020 година. Ние сме заедно со Вас за сè што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата и на телефонскиот број 02/15-600.” – велат од Банката.

 

Домашни банки

НЛБ Банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од денеска, 3- ти јули, започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.
(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Соопштение од Стопанска банка АД – Скопје за исплата на парични права од социјална заштита

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека денеска изврши процесирање на паричните средства за социјална и детска заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата веќе се достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита за јуни

Објавено

на

Од денеска, 3 јули 2020 година, Комерцијална банка АД Скопје започна да врши исплата на парична помош од социјална и детска заштита за месец јуни на корисниците кои помошта ја примаат на нивната денарска сметка во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно