Домашни банки
Промена на броевите на денарските и девизните сметки на сите клиенти физички и правни лица во Охридска банка


По преземањето на Охридска банка АД Скопје, од реномираната интернационална групација Штаермеркише Шпаркасе, со цел да се обезбеди непречено присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во изминатиот период се направија бројни подготовки. Присоединувањето е долг и комплексен процес, единствен од ваков обем во банкарската историја во Р.С.Македонија, чие завршување е планирано за втората половина на јули 2021 година, т.е. целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година.
Како резултат на присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, броевите на денарските и девизните сметки на сите клиенти физички и правни лица во Охридска банка, ќе се променат.
На следниот линк клиентите можат да го проверат новиот број на трансакциска сметка кој треба да го користат по присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
Од денот на присоединување и SWIFT кодот на Охридска банка повеќе нема да постои, важечки ќе биде SWIFT кодот на Шпаркасе Банка Македонија – INSBMK22.
Новите броеви на сметки ќе стапат на сила од денот на присоединување на банките. Од истиот датум, старите броеви на сметки нема да биде возможно да се користат за реализација на плаќања или за прилив на средства.
Нема да се случи спојување на сметки, состојби и овластени лица на сметките од двете банки, за клиентите кои имаат сметки и во Охридска банка АД Скопје и во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Сметките од Охридска банка АД Скопје со сите постоечки овластувања ќе останат во прегледот на сметки во интегрираната Шпаркасе Банка Македонија, паралелно со постоечките сметки.
Од страна на клиентите нема потреба од дополнителен ангажман, како на пример, склучување на договор за новата сметка, пренос на средства од старата на новата сметка и сл., бидејќи се работи само за техничка промена на бројот на сметка. Единствена обврска на клиентите ќе биде, за новиот број на сметка, навремено да го информираат својот работодавец, како и сите физички или правни лица и инстиутуции, со цел трансакциите и приливите кои ги очекуваат непречено да се извршуваат. По спојувањето, ќе биде невозможно да се извршува уплата на старата сметка, со што целосно се оневозможуваат погрешни уплати на средства.
Пензионерите, пак, ќе продолжат да ги добиваат своите пензии на новите сметки и не треба индивидуално да го доставуваат новиот број на сметка во ПИОМ, бидејќи сите потребни активности ќе ги спроведе банката по службена должност.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола доделува бесплатни влезници за ЗОО Скопје


Стопанска банка а.д. Битола е верен пријател на Скопската зоолошка градина. Со посебна акција ја изразува поддршката на едно од најубавите и највеселите места за забава во градот. (more…)
Business Man
Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје
Домашни банки
НЛБ Банка пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025”


НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025” кој се одржува во Скопје. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје