Connect with us

Осигурување

Промена во одборот на директори на ЕВРОИНС Осигурување АД Скопје

Објавено

на

ЕВРОИНС Осигурување АД Скопје на ден 24.06.2020 година одржа редовно Годишно собрание на акционери за деловната 2019 година, на кое се разгледуваа и одобруваа годишната сметка и финансиските извештаи, но беше извршено и отповикување и избор на членови на Одборот на директори на ЕВРОИНС Осигурување АД Скопје.

Согласно член 166 од Законот за хартии од вредност за објава на податоците за промени во органите на управување и раководење, компанијата известува дека Собранието на акционери одржано на ден 24.06.2020 година донесе Одлука за отповикување на неизвршните членови на Одборот на директори и Одлука за избор на неизвршни членови на Одборот на директори на ЕВРОИНС Осигурување АД Скопје.

Одборот на директори од својот ред го избра Велислав Милков Христов за Претседател на Одборот на директори.

Одборот на директори на ЕВРОИНС Осигурување АД Скопје во моментов го сочинуваат:

  • Велислав Милков Христов – Претседател на Одборот на директори и неизвршен член;
  • Ради Георгиев Георгиев – Неизвршен независен член на Одборот на директори;
  • Зоран МилковскиНеизвршен член на Одборот на директори;
  • Ралица Губерова – Извршен член на Одборот на директори.

Осигурување

Македонски експерти ќе бидат дел од глобалниот настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“

Објавено

на

Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Reuters” се организира Глобален настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24-ти и 25-ти ноември. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Уника укинува 600 работни места до крајот на 2022 година

Објавено

на

Осигурителната група „Уника” планира да укине околу 600 работни места до 2022 година, претежно во Австрија и да затвори една третина од филијалите во матичната земја, соопшти австриската осигурителна компанија. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Халк Осигурување со долготрајна стратегија за подигнување на свеста за грижата на машкото здравје

Објавено

на

Разговорот за машкото здравје често се занемарува во дискусиите за јавно здравје. Сепак, негрижата за здравјето на мажите може да им предизвика значителна болка и страв при првата посета во медицинска установа. Занемарувањето на здравјето на мажите не само што е неефикасно туку и носи намалување на квалитетот на животот, предизвикува страдања, па доведува и до предвремени смртни случаи. Најновите истражувања на фондацијата за рак на простата (www.pcf.org) велат дека кај едно од девет лица ќе биде дијагностицирано рак на простата.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно