Connect with us

Форекс

Пролетно „зеленило” на Македонска берза, еврото со вредност од 61.6953 денари

Објавено

на

Со денови акциите на најголемите македонски компании кои котираат на Македонска берза ја губеа својата вредност најмногу поради кризата која ја предизвикува вирусот Ковид-19 познат како коронавирус. Светските берзи бележеа големи загуби, а таа разорна слика се пренесуваше и на нашата берза.

Сепак, последниве два дена се чувствува позитивен тренд на Македонската берза. Тоа најмногу се гледа од растот на МБИ10 берзанскиот индекс, како и значителниот пораст на акциите на најголемите македонски компании во текот на вчерашниот последен ден за тргување на берзата.

На последниот ден за тргување на Македонската берза речиси сите акции забележаа значителен раст на својата вредност.

Најголем пораст на вредноста забележаа банкарските акции на Стопанска банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје кои забележаа раст од високи 5,00% односно 4,99 проценти.

Пораст на вредноста забележаа и акциите на Макпетрол АД Скопје од 4,97%, Гранит АД Скопје од 4,88%, Македонијатурист АД Скопје од 4,81%, а раст имаше и кај акциите на УНИБанка АД Скопје кои ја зголемија својата вредност за 4,51%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6953 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.9828 денари, британската фунта изнесува 67.4266 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.1921 денари.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно