Connect with us

Домашни банки

ПроКредит стана првата банка во Македонија со меѓународен сертификат за управување со животната средина

Објавено

на

ПроКредит банка успешно го заврши процесот на сертифицирање на Системот за управувње со животна средина со меѓународниот сертификатот ISO 14001 – 2015. 

Процесот на сертификација беше изведен во текот на декември 2016 со што ПроКредит стана првата банка во Македонија со ваков сертификат.

 

Интегрален дел од клучните вредности на ПроКредит е системот за управување со животна средина со кој банката континуирано придонесува кон намалување на негативниот импакт на околината.

 

Ефикасното користење на ресурсите во интерните процеси е една од основните причини за намалување на CO2 емисиите во воздухот кој ги емитува секој деловен објект. Чинот на сертификација претставува потврда за успешно воспоставениот систем и институционалната пракса на оддржливо деловно работење од аспект на животната средина и усогласеност со домашните и меѓународните стандарди за зачувување на околината.

 

Нашата посветеност кон заштита на животна средина може да се согледа преку активностите кои ги применуваме во секојдневното работење. Воведовме електрични возила во нашиот возен парк и со новите две кои ги очекуваме во првата половина од годината ќе располагаме со вкупно седум возила. Користиме обновливи извори на енергија за греење, ладење и производство на струја со што придонесуваме кон намалување на негативното влијание кон околината. Во континуитет имплементираме мерки за ефикасно користење на енергијата и ресурсите кое резултираше во намалена потрошувачка на хартија за 70% и енергија за 40% за последните три години”, изјави Методија Миноски, одговорен во одделот за Управување со животна средина во ПроКредит банка.

 

ПроКредит банка има пласирано преку 35 милиони евра во кредити за инвестиции кои имаат позитивен придонес кон заштитата на околината, заштедата на енергија и искористување на обновливи извори на енергија и е првата банка во Македонија која нуди еко штедење.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно