Connect with us

Домашни банки

„ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени“

Објавено

на

Со почетокот на ковид 19 кризата, компаниите беа принудени да се адаптираат на новите услови за работа со цел да се заштитат здравјето и благосостојбата на своите вработени.

Пандемијата го забрза процесот кај одредени компании да донесат одлука за работа на вработените од своите домови. ПроКредит Банка Македонија, го отвори прашањето на флексибилно работно време и пред пандемијата, но истото се реализира подоцна и конечно се воведува концепт за можност за работа од дома на вработените на ПроКредит Банка.

Банката за своите вработени обезбедува соодветни средства за работа и извршување на редовните работни активности – лап топ, добра интернет конекција и останати помошни средства. Со ова се овозможува непрекинато поврзување кон апликациите на банката со цел извршување на секојдневните работни активности.

“ПроКредит Банка има професионални и одговорни кадри, вработени кои што се самостојни и испорачуваат висок квалитет и ефикасност на своите работни места. Со оваа одлука во центарот го ставаме секој вработен, неговите потреби, организација и секако очекувањата во однос на придонесот на работното место. Веруваме дека ќе влијае позитивно на вработените преку постигнување подобар баланс помеѓу работата и приватното време, што е траен бенефит за нашата организација.” – изјави Ана Стојановска, Директор на секторот за човечки ресурси во ПроКредит Банка

Со одлуката на банката, максималното траење на ваквиот начин на работа е со времетраење од максимум 4 работни денови во календарскиот месец.

Официјално, ПроКредит Банка ќе биде прва банка во Македонија која ќе воведе флексибилно работно време за своите вработени.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно