Connect with us

Домашни банки

ПроКредит Банка ја зајакнува својата пазарна позиција

Објавено

на

Официјалните податоци од извештајот на независната ревизија покажуваат како „Прокредит банка“ лани успеа да ја зголеми добивката.

Нето добивката на 2017 година е 4,75 милиони евра и таа е повисока за 350.000 евра од нето профитот што банката го оствари во 2016 година. Многу е важно тоа што оваа добивка е направена во услови на намалени нето приходи од камати и статус кво на нето приходи од провизии и надоместоци.

Сепак најзначаен потег е зголемувањето на кредитирањето. Кредитната база на оваа банка порасна до 287 милиони евра, а лани беше 268 милиони евра. Значајно да се истакне е тоа што оваа банка до лани немала политика да вложува во хартии од вредност, а лани во однос на 2016 година и значајно се намалени вложувањата односно позајмувањата на други банки. И тоа од 350.000 евра во 2016 година до помалку од 100.000 евра на крајот на 2017 година.

Менаџментот на банката успеа да ги намали резервациите во споредба со 2016 година или поточно да го преполови тој трошок. Нивниот износ на крај на 2017 година е 924.500 евра и е за 1милион евра понизок од износот наменет за тоа во 2016 година. Значајно зголемување има кај останатите приходи. Тие достигнале 941.000 евра, а се зголемени за 391.000 евра.

Домашни банки

ПроКредит Банка овозможи електронско отварање на орочен депозит

Објавено

на

ПроКредит Банка овозможи електронско отворање на орочен депозит директно преку нивното е-банкарство. Со оваа опција, клиентите имаат комплетна флексибилност, сигурност и дискреција при раководење со своите лични финансии и не мора да зависат од работното време на филијалите за креирање на навика за штедење. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Зелена наградна игра на Охридска Банка!

Објавено

на

Бидете дел од најзелената наградна игра на Охридска банка Сосиете Женерал. Направете 10 трансакции со дебитна и 5 транскакции со кредитна картичка и освојте електричен тротинет! Од 17 Декември до 28 Февруари 2019 година купувајте со картичките на Охридска банка Сосиете Женерал. 20 електрични тротинети чекаат на вас! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Вечерва отворање на изложбата од ликовната колонија „Вевчански видувања 2018“ во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања, како и на Компанијата „ВИА“, вечерва (17 декември, понеделник), во 19 часот, во НЛБ Галерија во Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange