Connect with us

Домашни банки

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

Објавено

на

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17% раст на бројот на бизнис клиенти и над 12% раст на бројот на физички лица, 17% раст на депозитите, 50% пораст на профитот, како и раст на кредитното портфолио во вкупна вредност од 12,4 милиони евра, каде особено е значителен растот во делот на физички лица кој изнесува 22%.

Дополнително, од особено голема важност е и ниското ниво на нефункционални кредити од 1,78% што е под просекот на банкарскиот сектор, како и 20% учество на Еко-портфолиото во вкупното кредитно портфолио, процент кој е видно поголем од просекот на банкарскиот сектор.

Показател за довербата која што ја имаат клиентите во банката е значителното зголемување на депозитната база. Во текот на 2022 година истата се зголеми за 68 милиони евра или 17% и достигна ниво од 480 милиони евра. Позитивниoт тренд е знак дека работењето на ПроКредит Банка е стабилно, а анализираните ризици се соодветно менаџирани, на ниско ниво. Потврда за тоа е високиот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка (BBB-), оценет од страна на реномираната меѓународна агенција Fitch, со што ПроКредит е единствена Банка во Македонија со ваков меѓународен рејтинг.

Како дел од систематизираниот ESG пристап, ПроКредит и во 2022 продолжи со креирање позитивен импакт на пазарот за инвестиции во соларната енергија, како начин за справување со климатските промени и декарбонизација на Македонскиот енергетски систем.

Организирајќи едукативни работилници за предностите од инвестициите во фотоволтаични централи, на настаните земаа учество преку 150 присутни, претежно мали и средни компании, но и физички лица.

Проактивната улога која ПроКредит ја има во подигнување на свесноста резултираше со поддршка на преку 120 инвестиции во соларната енергија за сопствена употреба од преку 30МВ во инсталиран капацитет. Влијанието што ПроКредит Банка го има на пазарот е уште поголемо, ако се земе предвид дека значаен број на клиенти се одлучија да инвестираат и без потреба од финансиска поддршка.

ПроКредит Банка продолжува да биде поддршка на физичките лица и бизнис секторот. Банка која поставува стандарди за одржлива, одговорна и етичка банка чиј фокус е економскиот раст и развој со силен фокус на зелените инвестиции и дигитализацијата.

Во 2023 година ПроКредит Банка го прославува јубилејот – 20 години успешно дејствување на пазарот и продолжува со иновациите. Од Банката најавуваат дека една од новините кои ќе бидат воведени и со која ќе се заокружи комплетното дигитално искуство ќе биде можноста за користење на дигитален идентитет за отворање на сметка во Банката и потпишување на документи и договори.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Објавено

на

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.

Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.

Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.

„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.

Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.

Продолжи со читање

Популарно