Connect with us

Депозити

ПроКредит Банка со промотивна понуда за флексибилно штедење

Објавено

на

Новата промотивна понуда на ПроКредит Банка за штедење на FlexSave штедна сметка им овозможува на граѓаните 100% флексибилен начин на штедење со камата по видување. Оваа штедна сметка е одличен начин на креирање навика за редовно штедење и постепено кумулирање на заштеда за сите оние кои не сакаат да се обврзуваат на долги рокови и орочување. 

За отворање на ProCredit FlexSave не е потребен минимален влог, а корисниците може да дополнуваат или повлекуваат средства неограничен број пати во текот на месецот без дополнителни трошоци. Дополнително, сите корисници имаат пристап до своите заштеди 24/7 преку е-банкарство. Тие може да повлекуваат или дополнуваат средства и за време на празници, неработни денови или викенди без потреба да дојдат во банка и да чекаат ред.

Оваа штедна сметка може да биде отворена во денари или евра со годишна каматна стапка од 1%. Каматата се пресметува на дневно ниво, а се исплатува еднаш месечно.

Овој тип на штедење е карактеристичен за западно-европските земји, каде корисниците ја ценат можноста за флексибилност и достапност до своите заштеди во секое време истовремено користејќи каматна стапка по видување. ПроКредит Банка како единствена Германска Банка на пазарот, го следи овој тренд и на своите клиенти им нуди модерно банкарство, флексибилност и сугрност за нивните заштеди.

Повеќе информации на линк.

Депозити

Слончето кое ќе го промовира детското штедење на Халкбанк доби име – ХАЛКИ!

Објавено

на

По повод месецот на штедење, Халкбанк ја претстави својата нова маскота за Детското штедење – слонче и воедно преку конкурс го одбра името на слочнето – ХАЛКИ. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Октомври – месец на штедење!

Објавено

на

Октомври или Листопад е десеттиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Ова значи дека имаме 31 ден да почнеме да штедиме и да го спремиме финансискиот план за наредната година.  (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Замисли штедење со растечка каматна стапка – Депозит прогрес

Објавено

на

Штедната сметка е еден од основните финансиски производи што секој мора да ги има и користи. А штедната сметка ќе ви овозможи да заштедите пари, да префрлите средства, да ги повлечете парите и да ви дадете камата за средствата што ги имате на вашата сметка. Не многу инвестициски производи на пазарот ви даваат двојна корист од ликвидноста и каматата. Но, штедна книшка не само што ќе ви помогне да заштедите пари, туку и да ги подигнете готовината секогаш кога ви е потребна.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange