Домашни банки
ПроКредит Банка со нови функционалности за корисниците на електронско банкарство

ПроКредит Банка како прва целосно дигитална банка постојано развива нови иновативни дигитални банкарски услуги, со бројни предности и функционалности за клиентите.
Електронското банкарство на ПроКредит Банка овозможува комплетна флексибилност и плаќања со 100% сигурност и безбедност при процесирање на плаќањата преку заштитена конекција. Дополнителна предност е користење на КИБС/ Телеком дигитален сертификат, како и можноста за со едно корисничко име да се следат сите сметки за кои се клиентите овластени.
ПроКредит Банка ја лансира најновата верзија на системот за електронско банкарство која отсега доаѓа со нови функционалности:
- Ажурирање на лични податоци и податоци за контакт за физички лица, без посета на филијала;
- Регистрација и администрација на трајни налози: меѓу сопствени сметки, во иста валута, во домашен платен промет и меѓу сопствени сметки во различна валута;
- Регистрација на налози со иден датум на извршување до 30 дена;
- Повторна употреба на регистрирани налози кон ист налогодавач, само со внесување на новиот износ;
- Праќање пораки и документи кон Банката за информација за прилив од странство, дополнителни информации за дознака или документи за кредитно работење.
Дознајте повеќе за сите предности и функционалности на следниот линк: https://www.pcb.mk/elektronsko-bankarstvo-digitalna.nspx , на кој исто така можете и да аплицирате онлајн уште денес.
Домашни банки
Халкбанк ги зголеми платите на своите вработени во просек за 14%

Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката. Со ова Банката уште еднаш ја потврди својата грижа за обезбедување континуиран развој и мотивација на вработените кои се еден од главните чинители на успешното работење на банката. (more…)
Домашни банки
Капиталните инвестиции и кредитниот раст во главен фокус на Стопанска банка АД – Скопје

Со раст на нето-добивката, силна кредитна поддршка на населението и на бизнис-секторот, како и со раст на бројот на клиенти и депозити, Стопанска банка АД-Скопје успешно ја заокружи 2022 година. Постигнатите високи резултати во работењето се продолжение на континуираниот раст на Банката и на силната посветеност кон клиентите, вработените и заедницата во целост. (more…)
Домашни банки
Преку нејзиниот докажан бизнис модел базиран на стабилни фундаменти, Стопанска Банка “изброи” 42,5 милиони евра добивка за 2022 година

Во согласност со неревидираните финансиски извештаи на Стопанска Банка АД-Скопје (во натамошниот текст: СБ или Банката) со пресечен датум 31.12.2022 година, добивката пред оданочување на Банката изнесува 2.617.019 илјади денари, односно незначителни 4% под нивото остварено минатата година. Истовремено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 3.851.117 илјади денари, што претставува зголемување за 10% во однос на 2021 година. Со тоа, Банката го задржува долгогодишниот континуитет на постигнати успешни финансиски резултати засновани на стабилни фундаменти, прудентен пристап кон ризиците, докажан бизнис – модел, силна капитална позиција и добро корпоративно управување. Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката која на крајот на годината изнесува 122.848.627 илјади денари, што претставува раст од 8% во однос на 2021 година. На тој начин, Банката го продолжува перманентиот раст на нејзините бизнис – активности во согласност со својата деловна стратегија. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер