Connect with us

Депозити

ПроКредит Банка советува: Навиката за штедење треба да се развива од најмали нозе

Објавено

на

Сите сакаме да имаме заштеда за идни планови, школување на децата и погодни инвестиции, но ретко кој од нас трга дел од своите редовни месечни приходи настрана за идни потреби. Откажувањето од можноста да си пружиме дополнителни задоволста сега за сметка на идни планови е многу тешко, а особено и невозможно додека ги гледаме парите на сметка. Токму поради оваа причина секој од нас треба да се потруди да стекне навика за штедење која нема да го става во искушение трошењето до последен денар на парите на сметка.

Еден од наједноставните начини да се стекне навика за штедење е касичка која неможе да се отвора. Но, секогаш Ви стои на располагање можноста да ja скршите и пак да остнете без заштеда, како и ризикот од чување пари дома. Друга, многу попогодна опција е отворање на засебна штедна сметка која нема да биде поврзна со Вашата дебитна картичка. На овој начин заштедата нема да Ви биде пред очи за трошење, а уште поповолно би било доколку имате и траен налог – како Ви дојде платата, така си се трга заштеда.

Овој начин на штедење е познат меѓу банките како штедење по видување и Ви нуди голема флексибилност. При избор на банка во која редовно ќе штедите следете ги следниве совети:

1. Проверете дали имате камата по видување на штедната сметка. Оваа поволност може да Ве стимулира за поголемо штедење, кое во иднина и те како ќе Ви послужи за реализација на долгопланираните идеи. Поголема камата, повеќе заштеди за во иднина.

2. Проверете кога и како имате пристап до парите. Тоа се Ваши заштеди и главна цел е да ги акумулирате, но понекогаш Ви се потребни итно и не би требало да бидете ограничени. Доколку банката не Ви нуди пристап до заштедите преку е-банкарство значи дека не може да ги користите надвор од работно време на банките, за викенди и неработни денови и истото може да биде не практично во итни ситуации. Не заборавајте дека флексибилноста е еден од најголемите потреби во 21 век.

3. Проверете дали штедењето по видување има дополнителни услови. Едноставноста на производот за штедење Ви нуди сигурност и на Вас. Доколку штедењето има дополнителни услови и е поврзано со исполнување на критериуми како – исплата само еднаш месечно, или каматна стапка во зависност од износот или не можност за дополнување тогаш станува премногу комплицирано за да го следите и употребувате секојдневно.

Не заборавајте дека колку порано го научите Вашето дете да штеди, толку повеќе ќе се радува на своите заштеди и на секое зголемување на салдото на сметка. Тие пари во иднина може да ги користи за студирање на омилениот универзитет, за дополнително школување или за патување кое одамна го сонува. Штедењето од мали нозе прераснува во редовна навика и гради култура за штедење кај луѓето во текот на целиот живот.

Старите поговорки велат “Испружи си ги нозете колку што ти е долга чергата”, a штедењето по видување Ви нуди подолга черга.

Депозити

TТК Банка АД Скопје ја продолжи понудата на промотивниот депозит ПРОМО ФИКС 15 до 31 март 2020 година

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда за штедење во денари и евра на 15 месеци со фиксни каматни стапки, во рамките на производот ПРОМО ФИКС 15 наменет за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Швајцарските клиенти почнаа да ги повлекуваат своите депозити од банките

Објавено

на

Една од главните активности на банките е да приберат што поголем број на депозити од нивните клиенти. Сепак, швајцарските приватни банкари се жалат дека некои нивни клиенти повлекле голем дел од своите пари од банките за да ги чуваат безбедни, и покрај фактот дека оваа земја има репутација како најбезбедно и најсигурно место во светот за складирање пари за богатите инвеститори., пренесува CNN. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Данскиот експеримент дава резултати – „Заштедувате, но истовремено и инвестирате“

Објавено

на

Најновата анкета меѓу банките во Данска покажува дека до 1 јануари 2020 година во оваа земја се отворени нешто повеќе од 50.000 инвестициски штедни книшки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно