Connect with us

Домашни банки

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

Објавено

на

ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот.

„Во нашата банка негуваме еден оддржлив модел на управување во кој еколошката и општествената одговорност одат рака под рака со деловните остварувања. Оттука произлезе и иницијативата за целосна промена на нашиот возен парк, како и фактот дека 20% од аерозагадувањето во Скопје е предизвикано од возила на фосилни горива”, велат од ПроКредит Банка.

ПроКредит Банка првото хибридно возило го набави во 2013 година. По позитивното искуство, во 2015 година набави 4 електрични возила. Постепено Банката ја зголемуваше бројката за сега веќе возниот парк да брои 10 електрични и 1 хибридно или 70% од вкупниот возен парк на ПроКредит Банка се електрични возила.

Овој месец возниот парк ПроКредит Банка го обнови со 2 нови електрични возила од марката Волскфаген ИД 3. Со тоа Банката е првата компанија во земјата и во регионот која ги воведува овие возила во својот возен парк. Електричното возило Волскфаген ИД 3. со едно полнење, се очекува да помине преку 400 километри. Со овие преформанси, ова возило комплетно ги задоволува потребите на Банката за патување низ земјата, без потреба за дополнување на батеријата додека вработените се на пат.

ПроКредит Банка исто така има и сопствена фотоволтажна централа за производство на струја, која е поставена на кровот на зградата на централната управа. Во моментов 25% од произведената струја целосно ги задоволува потребите на електричниот возен парк на Банката. Исто така, ПроКредит Банка постави и 3 полначници за јавна употреба на две локации во Скопје.

Со ова повторно Банката докажа дека е чекор пред другите. Издвојува сериозни ресурси и има организиациска поставеност за активно управувањето со животната средина.

Системот за управување со животната средина на ПроКредит Банка е сертифициран со меѓународниот сертификат ISO 14001 и преставува првата Банка на домашниот пазар со овој сертификат.

Домашни банки

Шпаркасе Банка од денес врши предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец октомври ќе се исплатат предвреме почнувајќи од денес (26 октомври 2021 година) во четири групи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје: Од денес (26-ти октомври 2021 година) започна предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (26-ти октомври 2021 година), ќе врши исплата на пензијата за месец октомври на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка од денес започна со предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка денес (26-ти октомври) започна со исплата на октомвриските пензии.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно