Connect with us

Домашни банки

ПроКредит Банка повторно чекор пред другите!

Објавено

на

Во денешно време дигитализацијата на пазарот станува се поважна, се бараат брзи и едноставни решенија за спроведување на административните работи, како што се потпишување на догвори за кредити, кредитни линии и гаранции без посета на банка.

ПроКредит банка е лидер на пазарот во имплементација на модерни банкарски технологии во земјата со 100% автоматизирана услуга за готовински и безготовински платежни трансакции. Први на пазарот ја воведовме и услугата за дигитално потпишување на договори за сите правни лица. Ефикасноста, брзината и безбедноста се придобивките кои ги нуди оваа услуга.

Станува збор за едноставна и безбедна електронска платформа која им овозможува на клиентите дискреција и пристап со сопствено корисничко име и лозинка. Откако клиентите ќе добијат дигитален сертификат за потпис, сите останати договори за кредити, кредитни линии и гаранции може да се потпишуваат преку оваа иновативна платформа. Сè што е потребно се личен компјутер и интернет. Со оваа услуга, чекањето во ред и брзањето во банка само за еден потпис стануваат минато за клиентите на ПроКредит Банка.

Предностите од користење на услугата за дигитално потпишување договори се многубројни – зголемена ефикасност и брзина во потпишувањето на договорот со што заштедува на време и трошоци, ја подобрува безбедноста и го олеснува процесот на водење евиденција за документацијата.

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено

на

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно