Connect with us

Домашни банки

ПроКредит Банка и компанијата Греемак Груп заедно допринесуваат за развој на економијата

Објавено

на

Меѓу 160-те земји, чии жители уживаат во благодетите на високо квалитетните продукти на GREE, од 2013 година овој бранд е присутен и во Македонија.

Компанијата Греемак Груп се занимава со продажба на клима уреди, навлажнувачи, топлински пумпи и индустриска линија на производи од марката Gree од Кина. Компанијата е ексклузивен застапник за брендот GREE за македонскиот пазар. „ГРЕЕ“ е најголемиот производител на климатизери во светот.

Тие се пример за компанија која со својот развој допринесува и за развој на домашната економија, како и за отварањето на нови работни места на територијата на нашата земја.

„Горди сме за успешноста на нашата команија и продолжуваме да пласираме нови производи со висока енергетска ефикасност, како и производи за прочистување на воздухот за домаќинства и деловни простории, со што клиентите добиваат економични производи со помала потрошувачка, а и комфорен простор за живеење и работа. Континуирано ги следиме случувањата на пазарот и се прилагодуваме на барањата на потрошувачите. Па така во услови на криза со цел да го олесниме пазарењето односно го напрвиме безбедно за нашите купувачи, ја подготвивме нашата онлине продавница mall.gree.com.mk.

ПроКредит Банка го препозна потенцијалот на нашата компанија и преку комплетната понуда на сет услуги за финансирање и тековно банкарско работење достапно 24/7 ни помогна  непрекинато да го развиваме бизнисот во земјата. Па така во 2018 година, се отвара вториот најголем продажен салон во Скопје, во населба Аеродром. Овој салон е прв во светски рамки кој отвара ново поглавје со акцент на фокус кон човекот и домувањето, комплетно опремен со резиденцијални и комерцијални клима уреди, воздушни и водни грејни пумпи, домашни уреди и други софистицирани технолошки решенија во служба на квалитетот и комфорот на живеењето“ – изјави Даниела Николовска, Оперативен менаџер на Греемак Груп.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно