Connect with us

Кредити

ПроКредит Банка и компанијата Горењско со поволни услови за финансирање и изведба на сите видови комори и системи за прочистување на воздух

Објавено

на

ПроКредит Банка и компанијата Горењско започнуваат нова соработка преку која изведбата на сите видови комори – различни разладни ситеми, чилери и тунели за брзо ладење, како и системи за прочистување на воздухот кои спречуваат ширење на бактерии и вируси, станува подостапна за сите бизниси во државата.

Системите за прочистување на воздухот може да се користат како дополнителна опрема на ладилниците во прехрамбената индустрија но и при деловни објекти и простории како што се: амбуланти, лаборатории, фитнес центри, едукативни установи, конференциски сали, чекални, хотели и ресторани, текстилни индустрија итн.

ПроКредит Банка повторно чекор пред другите, овозможувајќи им на клиентите на овој начин да ги надминат двата најголеми предизвици за развојот на бизнисот – потребата од професионална и квалитетна услуга како и извор на финансирање.

Отсега, компаниите ќе може да ги користат кредитите на ПроКредит Банка за финансирање на сите видови комори и системи за прочистување на воздухот, што ги нуди компанијата Горењско со следниве услови:

  • 3,9% годишна камата,
  • 1% провизија при исплата
  • Учество во инвестицијата од страна на клиентот 10%
  • Обезбедување – Ладилникот/опремата
  • Рок на отплата до 7 години

Сите заинтересирани компании за услугата може да се информираат подателно за понудата на телефонските броеви на Горењско ДОО Скопје 02/2032 822 или 070 235 961, како и на е-маил адресата : info@gorenjsko.com

За кредитната линија на ПроКредит Банка компаниите може да се обратат на mkd.info@procredit-group.com или да закажат состанок со одговорниот тим за кредитирање проекти преку 02/2446-000.

Кредити

Станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години од Силк Роуд Банка

Објавено

на

Со станбениот кредит на Силк Роуд Банка сега е веќе лесно да го одберете Вашиот #НовДом! (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Ковид 3 – нова бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали претпријатија

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3), и го задолжи Министерството за финансии, во име на Владата да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

ИутеКредит Македонија имплементираше ново решение за онлајн купување на кредит до 24 рати

Објавено

на

Опцијата за директна апликација за кредит при онлајн купување е отсега достапна и на веб продавницата на Анхоч. При посета на страницата www.anhoch.com, купувачите ќе можат од изберат производи и истите да ги купат на 24 рати преку наменски кредит од IuteCredit Македонија. Процедурата за онлајн купување на рати е пред сé безбедна, брза и едноставна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно