Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

ПроКредит Банка и ЕБОР го поттикнуваат финансирањето на малите и средните бизниси во земјава

Објавено

на

Македонските мали и средни претпријатија ќе имаат придобивка од приклучувањето на ПроКредит Банка (ПКБ) во иницијативата на ЕБОР, како четврта банка која ќе го поттикнува кредитирањето на приватните мали и средни претпријатија.

Пет милиони евра кредит од ЕБОР, заедно со 0,75 милиони евра грант од ЕУ, наменети за претприемачите за помош во достигнувањето на ЕУ стандардите.

  • ЕБОР обезбеди кредит од €5 милиони за ПроКредит Банка за кредитирање на  малите  и средни бизниси;
  • Компаниите ќе добијат и 0.75 милиони грант од ЕУ ИПА програмата;
  • Најмалку 60% од финансирањето е наменето за подобрување на одржливата енергија.

ЕБОР обезбедува 5 милиони евра кредит за ПроКредит Банка од Програмата за МСП за поддршка на конкурентноста на Западен Балкан, која е поддржана од ЕУ, и обезбедува среднорочно и долгорочно финансирање на МСП и им помага да се усогласат со стандардите и условите за работење на ЕУ.

Кредитот на ЕБОР е поддржан со 0,75 милиони евра грант од ЕУ, одобрен од Инструментот за пред-пристапна помош – ИПП (Instrument for Pre-Accession Assistance – IPA).

Најмалку 60% од средствата на ЕБОР наменети за ПроКредит Банка, ќе бидат искористени за финансирање на заштеди на енергија и ресурси, како и поврзаните трошоци.

Програмата за МСП за поддршка на конкурентноста на Западен Балкан се стреми кон обезбедување барем 30 милиони евра кредит за македонските комерцијални банки во наредниве неколку години, каде ЕУ ќе донира уште 6 милиони евра.

Моменталната програма е надградба на претходно распределните 20 милиони евра за поддршка на програмата за конкурентност, кои беа пласирани од 2010 до 2015 година. Поддршката на ЕУ во овој период беше 4 милиони евра.

ЕБОР инвестира во македонската економија од 1993 година. До денес, Банката има потпишано 120 проекти во Северна Македонија, со нето кумулативен деловен опсег над 1.9 милијарди евра.

Домашни банки

Пакомак ја додели наградата за НАЈ еко градоначалник

Објавено

на

Придонесот кон екологијата и чистата околина обично се наградува со поздраво и подобро место за живеење, но понекогаш тоа може да донесе и многу повеќе. Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, го освои второто место во конкурсот за Нај еко градоначалник за 2018 година, а Пакомак и Шпаркасе Банка Македонија ја наградија неговата општина со ново детско игралиште. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје прослави 75 години од основањето со Гала концерт

Објавено

на

Како ретко која компанија на пазарот, Стопанска банка АД – Скопје прославува 75 години постоење и не само тоа, прославува 75 години вткаеност во растот, развојот, инфраструктурниот и индустрискиот напредок на националната економија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Врз основа на членовите 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 31.01.2019 година за свикување на Собрание на акционери, СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА

објавува ЈАВЕН ПОВИК

за учество на Собрание на акционери на Банката (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange