Connect with us

Домашни банки

ПроКредит Банка и во 2021 година со акција за пошумување на голини

Објавено

на

ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија и во 2021 година продолжува со организација и реализација на зелени активности, како дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам.

На 16-ти март, Банката ја организираше втората поголема акција за пошумување во соработка со ЈП Национални Шуми. Пошумување се изврши во ридно – ерозивен терен кој е во склоп на ШСЕ,,Тиквеш,, оддел 1/б место викано Журов Дол,, по течението на реката Луда Мара во КО Ваташа.

„Оваа акција за садење дрва е под иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, а воедно и првата со која ги започнуваме активностите за садење на зелени површини во 2021 година. Засадивме 2.895 садници од дрвниот вид Cupressus arizonica-аризонски чемпрес на површина од 1,5 хектари заедно со ЈП Национални Шуми.

Кампањата #СеГрижамДелувамМенувам е платформа која опфаќа разновидни активности во доменот на зачувување на животната средина во борба против климатските промени. Грижата за околината во која живееме и работиме е наш приоритет.“ – изјави Методија Миноски координадорт на одделот за животна средина во ПроКредит Банка.

Домашни банки

(ВИДЕО) Сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

Објавено

на

Двајца сопственици на УНИБанка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт „bird.bg” од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Тодоров Минев кои имаат по 36,45% од сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка по 16-ти пат спонзор на „Златно славејче“

Објавено

на

„Златните славејчиња“ годинава повторно ќе застанат на сцена и ќе ги отпеат своите хитови во чест на 50-от роденден на Фестивалот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Прогласени победниците од Social Impact Award 2021

Објавено

на

Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021. (more…)

Продолжи со читање



Популарно