Connect with us

Домашни банки

ПроКредит Банка ги проширува своите услуги

Објавено

на

ПроКредит Банка го проширува Сетот на банкарски услуги за своите корисници. Како што се наведува во соопштението истиот вклучува:

  • Трансакциска сметка во МКД и ЕУР
  • MasterCard Debit – eдна универзална картичка за сите потреби со којашто корисникот добива 3 бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на сите банки во земјата, бесплатно и неограничено користење на Зона 24/7, 3Д безбедносен код за интернет трансакции, достава на картичките на рака, на било кое место и активирање на сите Master Card банкомати во земјата.
  • Електронско и мобилно банкарство со можност за плаќање
  • Неограничен број на бесплатни денарски плаќања во домашен платен промет преку е-банкарство (КИБС плаќања)
  • СМС порака за сите трансакции и приливи на сметката
  • Фиксни провизии од само 2,5€ за меѓународни плаќања во рамки на ПроКредит Групацијата
  • Tрајни налози за вообичаени плаќања без никаков надоместок
  • Флекс заштеда – Штедна сметка за флексибилно штедење и пристап до истата 24/7

Проширениот Сет на банкарски услуги е достапен за месечна провизија од 300 ден. За повеќе информации проверете тука.

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал главен спонзор на 58то издание на Oхридско лето

Објавено

на

Традиционално, и оваа година, Охридска банка Сосиете Женерал е поддржувач на една од најзначајните културни манифестации во земјата – Охридско лето, одбележје на градот Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка – најдобра банка во Македонија според Euromoney

Објавено

на

На 11-ти Јули, 2018 година на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон, НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе банка воведе намалени провизии за тргување до 50%

Објавено

на

До 50% намалени провизии за тргување со акции со Шпаркасе Банка Македонија!

Шпаркасе Банка Македонија воведе најнова промоција со која на своите новорегистрирани клиенти им овозможува тргување со акции на Македонска Берза АД Скопје – со намалени провизии за тргување до 50% од редовните надоместоци, во промотивниот период од 01.07. – 30.09.2018 година

Дополнително, Шпаркасе Банка Македонија ја нуди и можноста за бесплатно користење на E-trading апликацијата, која овозможува електронско давање на налози за тргување. Со најавување во апликацијата и креирање на кориснички профил клиентите ќе имаат можност да издаваат електронски налози до брокерите на Банката, да имаат целосен преглед на налозите, тргувањата и портфолиото, како и можност да го следат во реално време на тргувањето на Македонска берза.

Основните карактеристики на E-trading апликација се:

• високо ниво на сигурност (преку персонален дигитален сертификат);

• едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување;

• преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање;

• преглед на пазарните податоци (цена, длабочина, трансакции)

• следење на внес и извршување на налогот во реално време;

• преглед на активни налози и e-trading барања;

• следење на налогот во длабочината на пазарот

• аларми (нотификации за промените на пазарот)

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange