Connect with us

Останато

Проект за вклучување жени од немнозинските заедници на пазарот на трудот

Објавено

на

Главните активности и резултати постигнати преку проектот „Вклучување жени од немнозинските заедници на пазарот на трудот“ во општините Скопје, Штип, Тетово, Куманово и Битола денеска ќе бидат презентирани пред донатори, претставници од невладиниот сектор и владини институции.

Проектот „Вклучување жени од немнозинските заедници на пазарот на трудот“ го имплементираа CARE Германија/Луксембург е.V и Женската граѓанска иницијатива „АНТИКО“. Проектот е финансиран од Европската унија и управуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии.

 

Пред присутните ќе биде презентирана посебната методологија која се користела за да се допре до жените од немнозинските етнички заедници со цел да се мотивираат да го променат својот став кон вработувањето, да се зајакнат нивните капацитети и конкурентност за вработување, како и за нивно менторирање преку процесот на активно барање работа.

 

Останато

ЕК предвидува намалување од 8,7 проценти на годинешниот БДП на Еврозоната

Објавено

на

Економијата на ЕУ ќе го доживее најтешкиот пад од Втората светска војна во вториот квартал на 2020 година, се вели во мрачната прогноза на Европската комисија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Русија ги зголемува државните резерви за време на корона кризата

Објавено

на

Централната банка на Русија ги зголеми своите меѓународни резерви за 1,5 милијарди долари или за 0,3 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан договор за соработка меѓу Комората на сметководители и на проценувачи

Објавено

на

Креирање на платформа за заедничко делување со особен акцент за подобрување на квалитетот на работа, на националната легислатива, како и унапредување на демократските процеси од сферата на  взаемен интерес се дел од целите на договорот официјално склучен меѓу Комората на сметководители на Македонија при ССК и Комората на проценувачи. Договорот го потпишаа  претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски и претседателот на Комората на проценувачи, Антонио Георгиев. (more…)

Продолжи со читање

Популарно