Connect with us

Домашни банки

Проектот „Во тимот е силата’’ на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија прогласен за „Најдобра HR Практика на годината“ за 2020 година

Објавено

на

Проектот „Во тимот е силата“ на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија е прогласен за „Најдобра HR практика на годината“ за 2020та година од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, во рамките на одбележувањето на Меѓународниот HR-ден.

Овој проект беше спроведен со цел да се оддаде признание (employee recognition) на сите вработени за нивната посветеност, лојалност, труд и придонес во изминатата година, а воедно ја претставува и визијата, мисијата и вредностите кон кои што се обединуваат Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија.

Во екот на пандемијата, тимот за човечки ресурси на двете банки најде начин да им изрази поддршка и благодарност на вработените коишто неуморно работеа во отежнати услови предизвикани од здравствената криза како последица од КОВИД-19 и истовремено работејќи на процесот на интеграција на двете банки. Целиот тим за човечки ресурси од двете банки подготви изненадувања за вработените кои од почетокот на светската пандемија овозможуваат сигурност, достапност и непречено опслужување на клиентите.

Преку овој проект, Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија повторно покажаа дека заедно можат да одговорат на сите предизвици и непредвидени ситуации, затоа што се грижиме едни за други во рамките на нашата Шпаркасе Групација и заедно го трасираме патот на успехот, бидејќи „Во тимот е силата“!

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно