Connect with us

Домашни банки

Продолжен рокот на банкарските гаранции за обезбедување на царински долг

Објавено

на

Имајќи ја предвид вонредната состојба прогласена во земјата, банките се согласија да го прифатат предлогот на Владата за продолжување на рокот на важност на гаранциите кои се издаваат од банките со цел обезбедување на царински долг за сите царински постапки.

Македонската банкарска асоцијација (МБА) и официјално ги известила Владата и Царинската управа дека банките членки го прифаќаат предлогот за продолжување на рокот на важност на гаранциите кои се издаваат од банките чиј рок на важност истекува до 30.06.2020 година и секоја од нив интерно ќе го утврди начинот на кој ќе ја поднесе согласноста до Царинската Управа.

По согласноста на банките, Царинската управа по службена должност ќе го продолжи важноста до 30.06.2020 година или 30.09.2020 година.

Од МБА напоменуваат дека четири гаранции на Охридска банка АД Скопје се издадени врз основа на примени контрагаранции од странски банки и за истите продолжувањето ќе биде условено од обезбедување на продолжување на рокот на контрагаранциите од банките примарни издавачи.

Домашни банки

Што треба да направат пензионерите кои примаат пензија преку Еуростандард банка?

Објавено

на

Една од работите за кои има многу непознати во случајот поврзан со Еуростандард банка и одземањето на лиценцата за работа е големиот број на пензионери и нивната дисперзија по другите банки во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Гувернерката Ангеловска-Бежоска донела решение за одземање на дозволата за работа на Еуростандард банка уште пред два месеци

Објавено

на

Денес, 12 август 2020 година, Народната банка, постапувајќи согласно со Законот за банките, ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Укинувањето на дозволата се должи на неисполнување на минимални законски услови за работење на банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Како ќе влијае пропаѓањето на Еуростандард банка врз банкарскиот сектор?

Објавено

на

Денес, 12 август 2020 година, Народната банка, постапувајќи согласно со Законот за банките ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Укинувањето на дозволата се должи на неисполнување на минимални законски услови за работење на банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно