Connect with us

НБРМ

Продолжува трендот на раст на плаќањата со платежни картички и е-кредитни трансфери

Објавено

на

Граѓаните продолжуваат со зголемена употреба на дигиталните канали за вршење на плаќањата, а особено на употребата на платежните картички и мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери и во првиот квартал од 2022 година.

Бројот на трансакции извршени во земјата со платежни картички издадени кај нас пораснал за 15,8% на годишно ниво, додека вредноста на извршените трансакции пораснала за 13,2%. Забележан е годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на физичките места на продажба за 19,5%, како и годишен раст од 8,7% на виртуелните (интернет) продажни места.

Кај кредитните трансфери, исто така, забележан е годишен раст, како кај бројот на трансакции, така и кај вредноста. Во првиот квартал од 2022 година, граѓаните извршиле 17% повеќе плаќања преку кредитни трансфери, додека вредноста на трансакциите била повисока за 28,6%.

Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери, продолжува да расте и во првиот квартал од 2022 година. Електронски иницираните кредитни трансфери забележаа раст од 9,5% на годишна основа.  За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации со кои извршиле над една половина од вкупниот број на електронски иницирани кредитни трансфери. Притоа, бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон пораснал за 18,4% на годишна основа. Истовремено, значително поумерен годишен раст со 1,7% е забележан кај употребата на компјутерите за извршување плаќања.

Податоците за платежната статистика за првиот квартал од 2022, се достапни на следниот линк: https://www.nbrm.mk/platiezhna_statistika.nspx

НБРМ

14. конференција за плаќањата и платежната инфраструктура: Дигиталната трансформација дава просперитетна иднина на нови иновативни методи на плаќања

Објавено

на

„Процесот на дигитална трансформација на финансиската индустрија, којшто се одвива повеќе години, значително забрза заради пандемијата. Плаќањата сè повеќе стануваат безготовински. Според Светската банка, во глобални рамки, две третини од возрасното население врши дигитални плаќања, притоа 95% во развиените економии, а 57% во економиите во развој. Трендот на сè поголема дигитализација е присутен и кај нас, поточно 74% од возрасните вршат дигитални плаќања. Анкетата на Народната банка покажува дека нашиот банкарски систем посветува сè поголемо внимание на инвестирањето во нови технологии и обезбедувањето нови начини на плаќање“, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на отворањето на Конференцијата за плаќањата и пазарна инфраструктура којашто започна денеска во виртуелен формат. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Утре започнува 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија по четиринаесетти пат ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, со што продолжува традицијата за отворена и плодна дискусија за предизвиците и можностите коишто ги носи глобалниот бран на дигитализацијата за финансиските услуги. Годинава, 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура на тема: „Просперитетна иднина на дигиталните плаќања“, ќе се одржи во виртуелен формат, на 4 и 5 октомври 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Централните банки се фокусирани на одржување на ценовната стабилност

Објавено

на

„Во услови на изразени инфлациски притисоци централните банки мора да останат фокусирани на својата примарна цел, а тоа е среднорочната ценовна стабилност, што без никакво сомневање бара нормализирање на монетарната политика. Секако, при нормализирањето на монетарната политика централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем“ – беше посочено од гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, која присуствуваше на Самитот на министри за финансии, гувернери на централни банки и директори на даночни управи, насловен „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во услови на изразени геополитички ризици“, кој се одржа во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

Популарно