Connect with us

НБРМ

Продолжува трендот на опаѓање на каматните стапки

Објавено

на

Народна банка анализира дека во март нема позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците, но продолжува трендот на намалување на каматите.

Во март, просечната каматна стапка на вкупните кредити и натаму се намалува и се сведе на 5,26%, што претставува пад од 0,02 процентни поени во однос на претходниот месец. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,41 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити и натаму е на нивото од 1,42%, без промени во последните три месеци, додека во однос на март минатата година е намалена за 0,06 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во текот на март, забележа месечно зголемување од 0,08 процентни поени и изнесува 4,84%, додека споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,08 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,42% и на месечна и годишна основа се намали за 0,14 процентни поени и 0,05 процентни поени, соодветно.

НБРМ

Препораки од Народната банка во врска со исплатата на мајските пензии

Објавено

на

По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат предвремената исплата на мајските пензии, Народната банка апелира: (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Стабилноста на денарот е загарантирана, тврдат актуелниот и претходните гувернери и меѓународни институции

Објавено

на

Денарот е стабилен со години, стабилен останува и во текот на корона кризата, и простор за загриженост нема. Народната банка гарантира дека денарот е и ќе остане стабилен, а тоа го потврдуваат и меѓународните финансиски институции и агенциите за кредитен рејтинг. Дека стабилноста на денарот е загарантирана укажуваат и поранешните први луѓе на централната банка, а кои потенцираат дека не треба да се верува на шпекулации за националната валута, пренесува „МИА“. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

И во услови на криза, Македонците купуваат станови

Објавено

на

Потрошувачките кредити и понатаму остануваат убедливо најзастапени кредитни производи од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, соопшти Народната банка во најновиот извештај за монетарните движења. (more…)

Продолжи со читање

Популарно