Connect with us

НБРМ

Продолжува трендот на намалување на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Каматната стапка на кредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претставува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Народната банка.

Кај депозитите просечната каматна стапка изнесува 1,10 отсто и забележа месечен пад од 0,01 процентен поен, додека пак на годишно ниво за 0,31.

Според објавените податоци, раст е забележан на каматите на новоодобрените кредити и тоа 0,15 процентни поени на месечно ниво и изнесува 3,92 отсто, додека на годишно ниво е намалена за 0,76 процентни поени.  Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,62 отсто и бележи минимален месечен раст од 0,01 п.п. Во споредба со мај минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,69 п.п.

Кај кредитите одобрени на корпоративниот сектор е забележано намалување од 0,04 процентни поени во однос на претходниот месец и таа просчно изнесува 3,97 отсто. Надолната промена е резултат на намалувањето на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор бележи пад од 0,51 п.п.

НБРМ

Комитетот за финансиска стабилност: Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен

Објавено

на

И по укинувањето на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен. Стабилни и сигурни се сите други банки, како и штедилниците. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Еуростандард банка АД Скопје оди во стечај!

Објавено

на

На прес конференција за јавноста, Народната банка објави дека ја одзема дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје.  (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети

Објавено

на

На 11 август 2020 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Популарно