Connect with us

Останато

Продолжува расправата за Предлог буџетот за 2022 година

Објавено

на

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2022 година.

Според опозицијата, како што оценија вчера на првиот ден од расправата, Предлог буџетот е нереален и неразвоен со многу непродуктивни трошоци. Сметаат дека ќе следи ребаланс во првиот квартал и најавуваат интервенција на текстот со повеќе од 200 амандмани, меѓу кои пет против енергетската криза.

Од владејачките партии апелираа на конструктивност и побараа буџетот да се донесе низ аргументирана дебата и без опструкции. Порачаа дека Буџетот е креиран врз основа на очекуваните економски придвижувања и има развојна компонента. Обезбедува, посочија, редовна исплата на плати и пензии, го следи правилото на јавните финансии и значително ги крати непродуктивните трошења.

„Наредната 2022 година ќе биде година на натамошно економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции кои во Предлог-буџетот се предвидени на историски највисоко ниво досега и се првпат поголеми од буџетскиот дефицит. Сепак, во услови на сѐ уште присутни ризици од пандемијата од Ковид 19, клучна ќе биде и грижата за заштита на здравјето и животите на населението. Неизоставен дел е и редовната исплата на плати, пензии и социјални надоместоци и поддршката на економијата”, рече министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи го Предлог-буџетот за 2022 година пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани во износ од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година.Во Предлог-буџетот за 2022 година за капитални инвестиции се предвидени 37,8 милијарди денари, за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.

Според роковите, Комисијата за финансирање и буџет може да расправа за буџетот 10 дена, пет дена за општа и пет за амандманска расправа. За пленарна расправа, според Деловникот, одредени се пет дена. Буџетот треба да биде донесен до крајот на годината.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно