Connect with us

Останато

Продолжува падот на просечната плата – во април Македонците земале 25.830 денари, што е за 600 денари помалку во однос на март

Објавено

на

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесувала 25.830 денари и споредено со просечната нето-плата во април минатата година е зголемена за 4,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12 проценти), Други услужни дејности (6,9  проценти) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6,4  проценти).

Сепак, просечната нето-плата во април бележи намалување во однос на претходниот месец март во износ од 600 денари.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за девет проценти, Стручни, научни и технички дејности  за 6,9 проценти и Транспорт и складирање за 6,6 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април годинава, изнесува 38.567 денари.

Останато

Јавна расправа за Законот за буџети: Се воведуваат фискални правила и фискален совет за поголема контрола на јавните финансии

Објавено

на

Поставување на фискални правила и воспоставување на Фискален совет – во насока на поголема контрола, среднорочно буџетирање и воспоставување на интегриран систем за управување со јавни финансии-во насока на подобро планирање, креирање на регистар на јавни субјекти и зголемување на транспарентноста се дел од одредбите од новиот Предлог-закон за буџети. Денека на јавната расправа која се одржа во Министерството за финансии, на која учествуваше министерот за финансии Фатмир Бесими, преставници на Светска банка, ММФ и Европската комисија, како и претставници на експертската јавност, на стопанските комори и на невладините организации, беше дискутиран овој нов закон и предлозите кои биле доставени на ЕНЕР и имплементирани во законот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Шпанија воведува четиридневна работна недела!?

Објавено

на

Шпанската влада разгледува можност за воведување четиридневна работна недела, односно скреатено работно време, за да не дојде до пад на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стапката на невработеност во третиот квартал изнесува 16,5%

Објавено

на

Стапката на невработеност во земјата заклучно со третиот квартал изнесува 16,5 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Популарно