Connect with us

Форекс

Продолжува падот на берзата, акциите тонат во дупка без дно

Објавено

на

Веќе со денови трае големиот пад на светските берзи, на кои не е имуна ниту нашата берза, на која акциите на најголемите македонски компании ја губат вредноста со секој изминат ден. Оваа огромна криза и енормниот пад на берзите е предизвикана од минијатурниот, но многу моќен непријател – Ковид-19.

Исто како и светските берзи, така и Македонска берза има крајно негативни последици од епидемијата. Дека ситуацијата е крајно сериозна и многу неизвесна, говори и податокот дека Македонска берза изминативе денови повремено го прекинуваше тргувањето со акции, поради огромниот пад на берзанскиот индекс МБИ10 кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва.

На последниот ден за тргување на македонската берза немаше ниту една акција која забележа раст на својата вредност.

Најпогодени од кризата која ја предизвикува коронавирусот беа акциите на УНИБанка АД Скопје кои забележаа висок пад од 4,99%. Висок пад на вредноста на акциите забележаа и Алкалоид АД Скопје и Гранит АД Скопје, чиишто акции ја намалија вредноста за 4,88%, односно за 4,82%.

Падот на вредноста на МБИ10 индексот негативно се одрази и врз вредноста на акциите на Фершпед АД Скопје кои забележаа пад од 4,76%, како и врз банкарските акции на Стопанска банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола кои ја намалија својата вредност за 4,67%, односно за 2,89%.

По дводневниот раст на вредноста на акциите, ниту НЛБ Банка АД Скопје не остана имуна на падот на берзата, па на последниот ден за тргување забележа пад од 2,81%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6950 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 57.1197 денари, британската фунта изнесува 66.3458 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.5619 денари.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно