Кредити
Продолжување на грејс периодот за „Ковид 3“ заради одржување на ликвидноста на претпријатијата


Економски состојби во изминатиот период се подобрени, со очекување за постепено и стабилно закрепнување на економија од ефектите на пандемијата во оваа и во наредната година. Но сепак, и покрај поволните движења, неизвесноста во поглед на раст и натаму е висока, ризиците околу проекциите се претежно надолни на краток рок, а најпогодените сектори се уште работат со ограничувања. Во таа насока, а со цел одржување на и така кревката финансиска ликвидност на претпријатијата ја потенцираме неопходноста за носење одлука за продолжување на грејс периодот за враќањето на кредитите од кредитната линија Ковид 3 кои беа дистрибуирани преку Развојна банка, а кои доспеваат на крајот на овој месец.
Согласно објавениот јавен повик за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро и мали претпријатија погодени од Ковид -19 – Ковид 3 беше предвидена директна финансиска поддршка на микро и мали трговски друштва, трговски поединци и занаетчии со рок на отплата до 3 (три) години со вклучен грејс период до 6 (шест) месеци. Имајќи во предвид дека здравствено-економската кризата е се уште присутна, а деловната активност се извршува со ограничувања, обврската за враќање на кредитите добиени преку кредитната линија Ковид 3 кај претпријатијата може да предизвика дополнително нарушување на финансиска нестабилност.
Во таа насока, истакнуваме дека е важно создавање на можност за одложување на рокот на отплата на бескаматниот кредит од кредитната линија Ковид 3 односно продолжување на грејс периодот, по примерот како што беше направено со Ковид 2 кога со одлуки на Владата, Развојна банка објави јавен повик, со кој се понуди можност за кредитокорисниците на кредити од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 (дванаесет) месеци.
Барањето за пресликување на истото решение и за кредитната линија Ковид 3 испратено е до Владата на РСМ, до Развојна Банка, како и до Министерството за финансии кое е договорна страна во овој случај, но засега се уште нема одговор.
Постапувањето по поднесеното барање ќе придонесе кон одржување на активноста и ликвидноста на деловните субјекти во услови на криза. Истакнуваме и дека за поддршка на реалниот сектор треба да се размислува се додека имаме на сила рестриктивни мерки за извршување на деловната активност, бидејќи кризата трае премногу долго, а микро и малите претпријатија поради ограничени резерви се најчувствителни и најмалку отпорни на кризни состојби .
Од друга страна пак тие од вкупниот број на активните деловни субјекти во земјава дури 99,8% влегуваат во групата на микро, мали и средни претпријатија. Малите и средните претпријатија, вклучувајќи ги тука и микропретпријатијата, во македонската економија учествуваат со 80 % во креирањето на вработеноста во приватниот сектор, што покажува дека тие се всушност столбот на нашата економија.
Кредити
Со мали дела до големи заштеди на енергија и пари со кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка и ЕБОР


Со мали дела постигнете големи резултати. Кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка, како дел од GEFF програмата на Европската банка за обнова и развој (EБОР), Ви овозможува инвестиции во енергетски ефикасни решенија за намалени трошоци за енергија и грант до 20% од инвестицијата. (more…)
Домашни банки
Промотивнa кампања за НЛБ кредитите за физички лица – без трошоци за одобрување и проценка до крајот на јуни


Промотивната понуда за кредити на НЛБ Банка продолжува и во текот на месец јуни, кога за сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ Кредитите се овозможени низа промотивни поволности. (more…)
Кредити
Објавен јавниот повик за проектот „Купи куќа, купи стан”


Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан”, информират од Министерството за финанси. Граѓаните преку јавниот повик кој е објавен ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 август 2022 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување на нов стан или изградба/купување на нова куќа. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје